• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 3, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“ – Наташа Поповиќ

октомври 11, 2021
in Мојот живот, мојот свет
„Мојот живот, мојот свет“ – Наташа Поповиќ

Новата осма сезона од веќе култниот аудио серијал „Мојот живот, мојот свет“ авторот и водител Милчо Јованоски ја отвора со интервју  со  актуелната директорка на  фестивалот „Охридско лето“ Наташа Поповиќ.

Зад неа, како директор  се веќе три успешни изданија на овој меѓународно престижен фестивал од кои последниве две се одржаа во услови на светска пандемија од Ковид -19.

Наташа Поповиќ е професор по пијано и пред да дојде на функцијата директор на „Охридско лето“ од 1998 година   работеше во Средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.

Родена е во Битола, растела во Охрид, учела во Скопје и Америка  Таа студирала на престижниот „ Валпарезо јуниверзити “ во Чикаго на отсекот за пијано. Таму дипломирала и се стекнала со звање Пијанист.

sv sofija

Нејзината љубов – пијаното 

Во нејзината биографија стои запишано дека во 1991 година била во десетте најдобри студенти во Америка и ја добила „ Претседателската награда за вонсериски достигнувања “ која и’ била врачена од тогашниот Претседател на САД Џорџ Буш Постариот.

Со клик на линкот слушнете го интервјуто во целост. 

Во интервјуто  вели дека би се опишала како многу едноставна личност, како човек што ги сака луѓето, ја сака искреноста, сака многу да помага без да бара да и’ вратат со иста мера. Иако знае дека е невозможно, сепак  сака сите луѓе да се живи, здрави и како што вели насмеани. – Едноставен човек- уметник со добра душа и добра мисла за сите луѓе во светот, таква сум вели Наташа.

Со многу емоции Наташа Поповска – Поповиќ зборува за најраното детство поминато во Влашка Маала на улицата „Васил Главинов“ спроти некогашен „Отекс“ за играњето на улица, дури и пишувањето домашно на коленици со другарите. За летата минати во Битола и Охрид за зборувањето на двата дијалекти и сега за литературниот во кој ќе и избега и некој збор усвоен од скопското опкружување.

natka

На самитот на Европската асоцијација на фестивали во Лисабон 

 Посебно со многу љубов се присети на ученичките денови во ОУ „Христо Узунов“, на учителката Лена Дојчиноска за која и денес зборува со голема почит, како и за сите останати наставници, но и на анегдотите со нејзината другарка од градинка – со исто име и презиме, тогаш  и сега неразделни, Наташа Поповска – Карче.

 

roditelite

Родителите на Наташа – Радмила и Димитар

Со посебна љубов и солзи на очите зборува за покојниот татко Димитар( стоматолог ) , кој вели дека и’ бил најголемата поддршка  и за нејзината мајка Радмила – професор по флејта во ОМУ „Методи Патче“ која уште од мала ја носела во училиштето и на редица концерти на „Охридско лето’ па така, Наташа  смета дека има „минат стаж“ во фестивалот и пред да дојде на негово чело.  

sad

Од дипломирањето во САД 

Со посебна љубов Наташа ни ја опиша нејзината приврзаност кон бабата Васка  која и била идол во секој поглед. -Васка Поповска,  учителката како што мнозина ја паметат од постарите во Охрид. Од неа научив дека човек треба да е борец, вели Наташа и дека ништо буквално не доаѓа без труд.

pijano

Ни кажа зошто учела клавир кај покојниот Димитар Ораче а не флејта, кај мајка и’, но  и за тоа додека другите мислеле каде по осмо таа уште пред две години знале дека патот ќе ја води во Скопје во средно музичко и тоа во класата на познатата Снежана Анастасова – Чадиковска, со која пак патиштата им се вкрстија во Скопје кога Наташа и станала колешка  а сега и  преку „Охридско лето“. – Многу научив од мојата професорка Чадиковска и тоа не само во поглед на пијаното , туку добив и многу совети за кои и денес и се обраќам, додава Наташа.  

so kosta

Со градоначалникот на Охрид Константин Георгиески – 2020 г. на чинот на врачувањето на Наградата „Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид “ за фестивалот „Охридско лето“ 

-Во Скопје не бев сама пред мене како кошаркар веќе беше мојот брат Златко, раскажува Наташа.  Патот подоцна ја однесол во Америка. Таму  завршила класична гимназија  и паралелно земала приватни часови по пијано и се запишала на колеџ и со успех го завршила.

papa

Од пречекот на Папата во Скопје 

Во интервјуто зборува за снаоѓањето таму за тамошниот начин на живот и признава дека како и во песната што во далечната 1994 година ја отпеа на фестивалот „Интерфест“ во Битола,  Америка уште е нејзин сон. 

hulio

Со Хулио Иглезијас по еден негов концерт во САД 

–  Композиторот Кире Костов е колега од факултет со мајка ми и ме знаеше од малечка . Еден ден ми се јави дури во Америка и ме наговори да пеам на фестивалот. Јас тоа го сметав како мал излет- авантура ама ете имав чест да бидам на иста сцена со многу познати македонски изведуваќи а имаше од странство.

 

barbara pee copy                  patricija

Барбара Поповиќ – студира соло пеење                                     Патриција сака да биде актерка 

Сега таа нејзина авантура многу посериозно ја продолжи нејзината ќерка Барбара, таа пеее и по фестивали а студира соло пеење. И помалата ќерка Патриција е во музичките води таа е учи виолина а Наташа ни откри дека сака да стане актерка.  

kerkite

Со ќерките Барбара и Патриција 

-Семејството ми е пред се’ вели Наташа и додава дека сопругот е нејзин најголем критичар и истовремно поддржувач.

Посебно поглавје во интервјуто Наташа им посветува на нејзините Нина и Роберт Момировски, за кои вели дека и се дел од семејството.

zatvoranje

Годинава  на затворањето на „Охридско лето“ 

-И од Америка кога доаѓав прво Нина ја барав. Така и сега и од Скопје кога ќе стигнам прво се слушам со неа,( да бевме ТВ ќе ги забележевте солзите во нејзините очи ) вели Наташа.

Зборувавме за храната, за кафеаните , за омилените песни и композиции, дел од нив се вметнати во аудиото. И да не ви откриваме се’. Слушнете!

Публицитет.мк 

Посетеност: 342
Share
Previous Post

Дневен КОВИД-19 биланс: 111 нови случаи, 165 оздравени и 15 починати

Next Post

„Сопружници“ в петок за охридската публика

Next Post
„Сопружници“ в петок за охридската публика

„Сопружници“ в петок за охридската публика

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 342

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk