• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

Мојот живот, мојот свет“ – Оливија Пирузева – Јанева

октомври 23, 2015
in Мојот живот, мојот свет

М-р Оливија Јанева е шестиот гостин – соговорник во новата сезона од серијалот „Мојот живот,мојот свет“ .

За оние кои не ја познаваат само неколку податоци за неа, се’ друго таа отворено ќе каже во аудио интервјуто кое ќе можете подолу да го слушнете само со еден клик на линкот.

Оливија родена е во Охрид . Основно училиште завршила во „Григор Прличев “, а образованието го продолжила во Гимназија.

 

so bratot vlatko i majka i tatko i Оливија со родителите и братот Влатко 

 

Она што малкумина го знаат го откри „Публицитет.мк “ пред да се запише на Филолошкиот факултет, по сопствена желба Оливија пробала да стане актер, но не го поминала приемниот на ФДУ. 

                                   olivija kako mala

 

– Од оваа дистанца и можеби и подобро. Но, којзнае каде ќе бев ако влезев во тој свет, вака имам далеку поинтересна и поблагородна работа и мисија, додава таа.

Ни призна дека и денес се фаќа самата, а сака и пред своите најблиски во сeмејството по нешто да одглуми или да изрецитира.

svadba copy

Зад неа се две големи награди како ученичка. Првата за  рецитирање, прва републичка награда во Велес и рецитирањето на Рацин и неговите „Бели мугри“ , а како средношколка глумејќи во гимназиската драмска секција во претставата „Разбој“ од Малески, во режија на професорот Драган Протуѓер од Републичките драмски смотри во Кочани се вратила со прва награда за најдобра женска улога.  Ете оттука и нејзината склоност кон литературата и театарот и уметноста во целост. Тоа доволно значи и се повторува онаа често употребувана фраза дека „Ништо не е случајно“.

                                                                                                       

                                 Со сопругот Ѓоко  so djoko zaedno

Желбите од детството насочени кон танцувањето и пеењето , сега ги доградува и остварува нејзината ќерка Теодора. – Таму каде што јас застанав гледам дека ќерка ми продолжува, многу ми е драго , вели Оливија.

 

teodora           aleksandar i teodora Децата Александар и Теодора

Во интервјуто таа ни зборува за детството за дружбата со нејзината најсакана другарка Анита Трпеноска, но и со останатите , за игрите додека не се стемни по улиците зад општината каде живеела до седум годишна возраст и подоцна во населбата „Гоце Делчев“ или како што и денес е позната кај баракине.

 

magistratura  На денот на магистрирањето со сопругот, децата, таткото и свекорот и свекрвата 

Со многу носталгија Оливија зборува и за времињата минати на факултет и желбата ако некаде на друго место треба да избере да живее , тоа да биде Скопје, иако се сложува дека не е тоа истото од пред околу 25 години, а нејзин избор секако би можеле да бидат и градовите крај море како Дубровник или Сплит. Ни кажа дека зимата не ја сака многу и затоа во Банско , соседна Бугарија со сопругот и децата одат многу често, но ретко во зима. – Сите сакаме да патуваме и често го правиме тоа.

 

patuvanje            piza

Најдовме начин преку „Дамин гамбит“ да ја отвориме и да ја прашаме како тоа Пирузеви и Јаневи се посватија, односно како започна нивната љубовна приказна со нејзиниот Ѓоко.

Ни откри дека тоа се случило спонтано во некогаш актуелното кафуле „Арс Вивенди“ на улицата „Цар Самоил“ во куќата на Хаџиевци. Претходно кафулето било во составот на приватната фирма на нејзиниот татко Тодор  и таа малку работела, а подоцна, откако сопственикот се сменил таму го запознала Ѓоко кој работел токму таму, а таа од навика со друштвото често наминувала.

 

praga;                               so soprugot                                                                                  

Оливија ни раскажа и за своите почетоци како професор по македонски во ОУ „Христо Узунов“ , за тоа дека не и било лесно од факултет да се соочи од другата страна на катедрата и дека во тоа најмногу и помогнал нејзиниот колега кој од пред извесен период за жал не е меѓу живите Боро Ѓорѓиески, како што таа ни рече и една цела плејада од нејзини тогашни колеги кои биле последната генерација наставници од едно друго поинакво време кога во образованието владееле поинакви вредности.

 

so kolegite sovetnici Со колегите советници 

Во „Христо Узунов“ два мандати Оливија ја извршуваше функцијата директор на училиштето,а еден како заменик директор , по што се врати во наставата,а седна и во советничките клупи во Советот на општина Охрид. Таа е советник од редовите на СДСМ и сега како опозиција во општината се труди да биде коректив на власта. Во меѓувреме успеава и да магистрира и да стане магистер по човекови ресурси, област која во светот е многу ценета и барана,а за која кај нас, барем во Охрид се’ уште се нема слух, вели таа. Но , којзнае убаво е да се има уште по некое парче хартија, што за себеси, што за времињата кои се неизвесни.

 

                                                                                                               

Со колешките од СДСМ – Охрид     sdsm copy copy

-Кога вака се набројува , се изгледа лесно, но за мене како сопруга и мајка останаа многу непроспиени ноќи и време кое постојано ми треба и недостига за да се заврши се’ што е планирано , вели Оливија.

 

vo bansko    so djoko

-Миговите на најголема среќа ми се кога сме сите заедно. Ние од најтесното семејство, моите родители Тоде и Зоре ама и родителите на мојот сопруга Ацо и Павлина и едните и другите многу ми помагаат и имаме големо меѓусебно почитување. Некогаш кога мојот сегашен свекор Ацо често го слушав на радио Охрид , ни на крај памет не ми доаѓаше дека ќе ми биде тоа што сега ми е, додава Оливија.

 

vo kafeana         so teodora

Таа ни рече дека ги сака кафеаните и музиката на уво, а проговори и за миговите на најголема среќа и тага, како и за тоа што би сакала да ни каже на идната наша заедничка средба по едно пет години.

 

Со клик на аудиото подолу слушнете го интервјуто во целост. 

 

Разговараше: Милчо Јованоски

Посетеност: 133
Share
Previous Post

Во недела почнува зимското сметање на времето

Next Post

„Девојките на Бонд“ – која од која поубава!

Next Post

„Девојките на Бонд“ - која од која поубава!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 133

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk