Софија Ристевска – Петрушева е режисерка од Битола која од почетокот на новиот милениум досега режира во и надвор од Македонија.
Деновиве таа е актуелна со новата режија и премиера во Народниот театар во Охрид на познатиот текст „Стаклена менажерија“ од американскиот писател Тенеси Вилјамс.
Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто во целост. Со Софија Ристевска – Петрушева разговараше Милчо Јованоски
Уште преку контактот по телефон Софија ќе ве освои со својата едноставност, непосредност и добивате чувство дека со неа се знаете со години. Но, кога ќе почне разговорот ќе сфатите дека станува збро за една режисерка со личен богат бегрануд , стил на режирање и поглед на свет и искуство собирано од семејството па до местата на кои стапнала.
Софија со најблиските соработнички и пријателки
Со Софија во култниот „Аквариус“ зборувавме за неа лично, за детството, животот, како се определи за театарот, за семејното опкружување и за тоа како е да се расте меѓу тројца психијатри дома,а таа да одбере уметничка професија. Колку и на кој начин и помага психијатријата во работата за актерите, ( како мајка и’ и сестра и’ ја ваделе од нејзините депресии) за студиите во Софија, магистратурата во Белград и воопшто за состојбата и судбината на балканскиот театар од кој нераскинлив дел се и македонските штици што значат живот.
Софија со сопругот Спасе
Ристевска – Петрушева ни кажа како се чувствуваат таа и нејзиниот сопруг ( реквизтер ) значи театарски брак и нивната осуммесечна ќерка Трена во Охрид и дека искрено жалат што по премиерата ќе треба да се вратат во Битола.
Фотка од нејзиниот засега единствен обид да глуми и тоа во својот „Интимен театар“ во Битола
Стана збор и за нејзиниот „Интимен театар“ во Битола, за професионалниот ангажман во Велешкиот театар и за ред други работи кои ја врзуваат со театарската илузија. Како на пример работата на претстава од интересен документарен театар со жени од Битола кои сакаат јавно да проговорат на сцена за своите маки и страдања, ама и победи над ракот на дојка. Проект кој Софија сака да го финализира за кусо време.
Не изостанаа и прашањата за омилените песни, дали љуби кафеани, за радоста и тагата и за тоа што сака да и’ се случи во следните пет ?, па по толку години да ни раскаже во некое друго интервју.
Како шлаг на тортата лесно ја убедивме да не’ потсети на парче од нејзината искрена приказана на последниот Пич – Прич во Битола и нејзиниот семеен живот, како и на соработката со охридските актери и со сите останати со кои битисува на сцената.
Фото: Фејсбук
Публицитет.мк