• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

Мојот живот, мојот свет – Тони Танкоски

ноември 13, 2015
in Мојот живот, мојот свет

 

-Се родив и пораснав во славната Влашка Маала. Првите сеќавања од раното детство, па се’ до младоста ми се сврзани со Чинарот, вели нашиот нов соговорник во серијалот МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ  Тони Танкоски, ветеринарен доктор и музичар.

 

-Основно учев во Григор, а во осмо не’ преселија во новото училиште „Христо Узунов“. Мирисите од таму, во училиштето во кое подоцна учеа и моите две ќерки уште при секое влегување ме потсетуваат на нешто  ново, дури и  денес ми стојат врежани во мојата меморија.

so roditelite

Во нашиот аудио формат Тони се сеќава како еден ден татко му го зел за рака и му ја купил првата скапа хармоника  од познатата охридска НА –МА на одделот за музикалии. Од тогаш се продлабочила неговата љубов кон музиката. Паралелно ги сакал музиката и фудбалот.

toni fudbaler

Дури бил и дел од подмладокот на ФК „Охрид“ . Доцна попладне играл фудбал, а навечер заминувал на свирка. – Имав подеднаква љубов кон двете нешта, вели Тони, но подоцна фудбалот отпадна , останаа само спомените од турнирите во Охрид и околината.

vojska

Музиката беше нешто друго јас уште како средношколец се дружев со далеку повозрасни од мене. Додека моите врсници одеа во диско и во првите кафулиња, јас свирев ги забавував странците по охридските хотели. Значи таа фаза од животот целосно ми е прескокната, признава Танкоски.

diploma

toni i dani

Учел средно медицинско и со многу емоции во емисијата споделува сеќавања на редица доктори од Охрид кои им ги предавале стручните предмети , а се сеќава и на професорките по латински и македонски јазик Лилјана Гоџова и Љубинка Филева.

vlatko i silvi

Желбата да запише медицина во Скопје и во Ниш не му се остварила, па за да оди војска само една година ,а не три месеци плус каков што бил законот тогаш – набрзина запишал Историја на уметност. По враќањето од војска каде неговата хармоника пак му помогнала многу, особено во Загреб каде што се запознал со генералот Филип Котели, по потекло од Охрид,а кој по една година ќе го убеди да запише Факултет за ветеринарен доктор не во Сараево, туку во Загреб, Тони за кусо оди на студии во Скопје.  

 so krleski

По три месеци сфатил  дека историјата на уметност не е тоа што сака да го учи и подоцна да ја работи. – Бев искрен пред родителите, тие ме разбраа. Заедно потоа баравме решение за мојата иднина, вели Тони.  

orkestar copy copy copy

Враќањето во Загреб како студент не беше воопшто лесно, цели три години се селев од стан во стан, па дури потоа се преселив во Студентскиот град. Беше тешко да се учи на хрватски, на почетокот сосема сам без поддршка од најблиските и враќање во Охрид поради далечината беше можно само за тогашниот празник 29 Ноември, за Нова година и за Први мај. Но, издржав подоцна Загреб ме просветли во секој поглед. Сретнав и се дружев со личности кои претходно можев да ги видам само на ТВ, ни раскажа Тони. Тука ги издвојува Дражен Петровиќ, Шурбек и ред други спортисти за кои и денес им раскажува на младите кои сакаат да се занимаваат со  некој спорт дека ништо не доаѓа без долги тренинзи и цврста волја.

semejno

Посебно поглавје во интервјуто е отстапено за сопругата Даниела и ќерките Маја и Тамара. Тони ни ја раскажа нивната приказна и промената во животот која ја посакувал. Со многу љубов зборуваше за своите три грации.  

За сопругата Даниела која има музичка наобразба, како и обете ќерки и за поголемата Маја која е веќе четврта година на медицина, како и за Тамара која е во прва година гимназија.

veterinar

Во интервјуто има дел во кој Тони со многу посветеност зборува за професијата за односот на луѓето кон животните и домашните миленичиња некогаш и денес. Раскажува и неколку поучни случки.

so maja

Зборува за кафеаните како институција и голема животна школа, и за тоа дека нема локал каде што сиве овие години не настапил,  за честите дружби со колегите.

prikazna

Сега свириме во „Кадмо“ и сите сме радосни што секој викенд нашите деца од Охрид доаѓаат на вечерите со македонска народна музика. Милина е да се слушне како ги порачуваат пред се’ старите охридски песни, ни вели Тони.

Интервјуто во целост слушнете го со клик на линкот подолу:

      

Посетеност: 138
Share
Previous Post

Денеска прекин во сообраќајот на магистралата Охрид – Кичево

Next Post

Туристичката понуда на Охрид претставена во Германија

Next Post

Туристичката понуда на Охрид претставена во Германија

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 138

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk