• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот,мојот свет“: Вили Котовски

октомври 16, 2015
in Мојот живот, мојот свет

Новото издание на „Мојот живот, мојот свет“ е посветено на Вили Котовски. 

Вили во мигов  живее во Русија, во градот Саратов и информациите кои допираат до нас велат дека често настапува и таму. 
Тој  пред три години одбележа 30 години од неговиот естраден живот. Со концерт во својот Охрид од каде тргна неговата музичка приказна.

 

podgtovki so infarkt

Токму за естрадата и музиката за легендарната група „Инфаркт“, потоа „Лара“ и солистичката кариера и настапите по фестивалите спроти концертот со Вили разговараше Милчо Јованоски. Во етерот,  тогаш  помина сосема кус дел од интервјуто, а другото еве сега му дојде редот да излезе во јавност и од богатата архива.

 

vili vo zivo

 Преку неговите сеќавања заедно да се вратиме во едно друго романтично време кое остана неповратно зад сите нас. 

infarkt

Вили споменува многу драги лица од светот на музиката, соработниците…
Како и кога ја започнал својата кариера уште во поранешна Југославија? Во Загреб отпеал демо снимка, песна која подоцна се најде на репертоарот на култните „Прлљаво казалиште“.

Тој објаснува како беше да се биде рокер во тоа време, за неговите стихови во некогаш популарното списание „Двоје“

vesnik vili

Вили зборува за големиот  хит „Не те давам“ песна која и денес мнозина ја слушаат. Таа песна му ја одбележува кариерата, како печат, а нему му е најомилена заедно со „Македонија“ .

vili mlad

 Ќе слушнете за првата плоча за Радио Охрид и подоцна за Југодиск, за плочата во тогашниот Советски сојуз од која како што вели и денес добива по некој авторски хонорар,а таму се дистрибуирала во за наши прилики во 200 000 примероци.  

vili mornar

Ни кажа дека не е повеќе „бунтовник без причина“ за фестивалите и настапите и наградите, но и за неговото чедо „Канео фест“.

so julija

Зад Вили се три самостојни аудио касети и уште едно ЦД со избор негови песни промовирано, тогаш пред три години на 4 март, на денот на неговиот роденден.

vili mlad copy

Искрен како и секогаш, едноставен, Вили е жива музичка легенда на Охрид.

kaj kitroz

Сигурни сме има луѓе кои се сеќаваат на неговите настапи, свирки со групите, забавите.

Вили е човек кому музиката му е во крвта. Што и да работи, како и сите ние за живот, веруваме музиката тој не ја заборава и таму во Русија.

 vili nova

Со клик на линк слушнете аудио

 

Автор и водител: Милчо Јованоски 

 

Посетеност: 191
Share
Previous Post

Оревот е чувар на здравјето

Next Post

Бонд, засекогаш

Next Post

Бонд, засекогаш

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 191

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk