Гостин во новото издание на аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“ е м-р Зоран Мартиновски од Скопје – човек кому корените му се од Охрид.
За оние што не знаат и не го познаваат- Зоран Мартиновски е менаџер на Меѓународната финансиска корпорација IFC за Македонија и Црна Гора, член е на бордот на директори на „Македонија 2025“ . Тој е магистер по бизнис и администрација и претседател на Рон Браун Алумни.
Со м-р Зоран Мартиновски, разговара Милчо Јованоски:
Зоран е банкар, впрочем како и најголем дел од луѓето во неговото потесно и пошироко семејство.
Интервјуто со Зоран Мартиновски снимено е на 1 август годинава во кафетеријата „Аквариус“’ во еден од ретките негови денови за одмор во Охрид.
-Се трудам мојот живот и мојот свет да се поистоветуваат Не сум роден во Охрид,туку во Скопје во средината од шеесеттите од минатиот век. По лична карта сум скопјанец , по душа охриѓанец. Емотивно сум врзан за секој камен, куќа во мојот Охрид. Бидејќи татко ми потекнува од селото Долно Лакочереј а родителите на мајка ми имаат корени од таму. Долгите лета ги минував тука покрај брегот на Охридското Езеро. Кога ќе дојдев другарите во Охрид ќе речеа еве го дојде скопјанецот, а кога ќе одев во Скопје веќе сум го фатил охридскиот дијалект и бев ни ваму – ни таму.
Зоран со сопругата Соња на Азурниот брег – 2014 г.
-Целиот мој живот го гледам како едно патување и откривање. Од мал, од секогаш сум бил љубопитен, па и денеска сум таков. Се чувствувам како млад морнар, ни призна Зоран.
Уште на 14 години заминал во Англија да го усовршува англискиот, со 15 години отишол во Трст по фармерки, од таму се следеше модата.
Истата година во Ница
Со широка насмевка на лицето се потсети на неговите 17 години и одморот по грчките острови поминати автостоп. Ни раскажа како преку студентската организација АИЕСЕК бил во Чешка и Полска и Холандија и Турција.
Зоран во Торонто
По првите работи во САД мислеле дека неговата кариера ќе продолжи во светот на технологиите.
Зборуваше отворено за тоа дека неговите родители – можеби затоа што му верувале биле далеку похрабри од него, како родител.
Од последниот Инвестициски самит – 2016 г.
За брат му кој бил далеку по приврзан од него кон домот и секако за неговата љубов – сопругата Соња со која се познава уште од прва година Гимназија , учеле заедно а и заедно продолжиле на факултет. Се зеле многу млади и на 25 години на свет дошол нивниот прв син Борислав, кој сега живее и работи во Белград, а помалиот Мартин е со нив во Скопје.
Во Кенија крај Пацификот
По желба на Зоран ќе го слушате Фрнек Синатра, Металика и Здравко Чолиќ , Бајага со онаа за другарите и ансамблот „Билјана“.
На Мавровскиот велеслалом
Соња и Зоран правеле и сребрена свадба, во Свети Наум на која ги поканиле своите и заедничките пријатели од целиот свет…
Зоран со канадскиот амбасадор во Белград и со синот Борислав
-Мојата Соња била секогаш толерантна кон мене, го разбирала и разбира детето во мене кое сака да се истрча, да излезе со другарите, да пие пиво, да игра фудбал и пак да си се врати дома. Ние мажите сме како кучињата ни требаат прошетки, да излеземе од домот,а жените се типични мачки го наоѓаат спокојството и мирот во домот внатре, ни рече Зоран.
Зоран ни раскажа неколку анегдоти од неговите службени патувања, но и одморите со сопругата по светот.
Во Кјото, Јапонија- 2003 г.
Нио рече дека сака и оваа есен да биде со родителите и најблиските во мигот кога се прави ајвар како една традиција да се биде заедно и да си поприкажат.
-Кога сме на одмор не одиме во хотели туку во места каде што можам да готвам и да си поигрувам со својата фантазија кога е во прашање храната , вели Зоран.
Во Нормандија, лани
Неговиот живот и свет навистина се спој на работата и приватниот живот.
Најдобра илустрација се фотографиите што ги гледате.
Публицитет.мк