• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Моника М. Талеска: „Втори Август 2015-та, недела … во моето огледало!“

август 2, 2015
in Аргументи за

Ќе биде радосен ден, семеен ручек и сите ќе сме на број на масата, ниту едно столче не ќе е празно! Но, овој е еден од ретките! Со време уште ќе се изретчат деновите кога ќе сме сите заедно на масата…патиштата ќе водат на разни страни…знам, ќе биде посилен споменот на убавите денови, но надежта ветува и нови радости, нови убавини, нови животи, нови…

Срамно е, сигурно, но дури потоа ми помина мислата…Денеска е голем ден, еден од за мене трите најзначајни датуми во нашата македонска историја „Втори Август-Илинден“!. Слики ми минуваат, на деновите кога го славевме како ученици,дури и на групни одмори…со прекрасни приредби, со стихотворби, рецитали, со наградни ликовни и литературни конкурси…но, уште поважно со силна верба дека секој следен ќе е подобар од овој ден, со силно патриотско чувство, љубов за својата Татковина и својот Народ, со огромна почит за Великаните, за Илинденците…!!!

И колку да ме убедувате- не верувам, дека денеска во оваа наша независна, самостојна Македонија, во овие преку 2 децении е зачуван и граден патриотизмот, љубовта за својот народ…Илинден со години е толку реален и вулгарен отсјај на биполаризацијата на овој мал народ, на анимозитетите меѓу сдсмовците и вмровците…јазот меѓу левицата и десницата што ги надминува хуманите димензии, огледало на македонската пропаст, на изгубениот пат на македонската државност…

Да, не треба да се сложувате, не го барам тоа, само го кажувам она што го чувствувам…низ моето огледало!!!

Денеска по 20 и кусур години, за оваа македонска реалност виновни се, сите кои беа и се на власт…кој повеќе, кој помалку,(едни затоа што беа актери, а другите нема публика и силна поддршка) корупцијата, криминалот не ја одмина ниту една власт, која повеќе, која помалку…партиските вработувања, самобендисаноста, ароганција,чувството дека она државното, националното е лична своина, секој кој ја заде палката на довербата од народот свој, ја претвори во жезол на одмазда… себеказната, личните фрустрации, комплексите од детството и пубертетот, нереализираните машки соништа и страсти…ги проектираше врз својот народ, но не ги излечи своите ментални девијации, туку го анатемиса народот свој, го остави без верба,без патриотизам, без држава, без живот и иднина…промовирајќи модел дека `само,ако си од ПАРТИЈАТА –ти си МОЌ неприкосновена`!!!

Многу гнев, многу бес…се собрала во душата моја, низ сите овие години,генерациите 1990-1991…не се само полнолетни, туку и реално квалитетни млади дечки, кои знаат и умеат да расудаат и кои заминаа по светот да ја бараат својата иднина, а нашата единствена Татковина остана инфантилна, остана страдалничка, парталава и тажна, со пребогати политичари, со силна олигархија за која никој не сонуваше кога на референдумот го ставаше својот потпис за независна Македонија!

И не е важна политичката провиниенција, зашто јасно е дека сите кои ја земаа власта во свои раце, личниот интерес го ставија пред интересот на народот. Затоа денеска таму на Мачки Камен, младите не пеат песни и не рецитираат и пишуваат стихови со респект и љубов за Гоце Делчев и Питу Гули…туку затоа што, некој им ветил дека со партиска книшка ќе добијат работа!

А, оние од опозицијата (освен протоколарната делегацијаа)  нема да појдат, зашто не сакаат да и прават кворум на власта, за да не рече народот, дека силата и моќта е пак во владеачката партија и дека може така ќе добие повеќе гласови на априлските избори……….!!!

…

Си ја сакам земјата своја, но се чувствувам сите овие години предадена од државата своја! А, ме воспитуваа уште како пионер, незмерно да ги сакам и почитувам и двете и земјата и државата!

Си го сакам народот свој, а се чувствувам предадена, зашто наместо љубов, извади оружје на омраза, кое не учеа во тој `страшниот социјализам` дека треба да се користи само против непријател!

Си ја сакам пролетта и есента во оваа моја Македонија, зашто мирисот на природата е посебен и единствен, но некои и тоа ни го одзедоа…многу трпези се празни на овој ден, многу столчиња се празни, многу чеда заминаа по светот и не ќе се вратат, многу невини луѓе настрадаа и заминаа за на век…зашто некои се збогатија со нивниот леб…ах, уште колку страдања ќе  ја поливаат македонската земја…се плашам да не дојдат времиња, ни `пирејот` на П.М. Андреевски да не никне, ако изртат успешно сите никулци на пеколот?!!!

…

Драги Македонци, мој народе, граѓани, пријатели, другари, вие кои го носите политичкиот предзнак, но сте објективни, слободни, разумни и праведни и мудри во расудувањето,

Нека ни е честит Илинден, нека ни е вековит Денот, нека остане вечен споменот на нашите предци…нека е вечна Македонија, поинаква од оваа, силна, храбра, цела, економски силна, младешки полна, визионерска, горда и стамена Македонија, каква што досега никогаш не била!!!

monika

Моника М. Талеска, новинар 

Изнесеното во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.

„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.

 

Посетеност: 198
Share
Previous Post

Светлана Неделкоска- SBS: „Македонија е како магнет – влечи“

Next Post

Јапонците ќе прават супер виски во вселената

Next Post

Јапонците ќе прават супер виски во вселената

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 198

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk