Кристина Шокароска и Сена Заде се две наши млади сограѓанки кои ги спојува љубовта кон музиката.
Виолинистката Кристина и Сена која свири на гитара неодамна ги испробаа своите кантавторски способности и го направија првиот обид во компонирање. Своето музичко дело го нарекоа Moonlight.
Слушнете го нивното првенче за да се уверите дека станува збор за талентирани девојки.
Шокароска е студентка на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ – Скопје и професионално се занимава со свирење на виолина. Сена Заде студира на Филозофскиот факултет во Скопје, а уште од мали нозе се занимава со музика, свирејќи на гитара.
Покрај многубројните обврски тие наоѓаат мир во музицирање, слушање добра музика но и компонирање интересни парчиња за кои инспирација наоѓаат во секојдневниот живот и се она што ги окупира младите.
Публицитет.мк






