
Младо морско куче е родено во аквариум кој инаку е полн со женки, поради што вработените го нарекоа „чудо“.
Експертите веруваат дека ова би можело да биде прв случај на асексуална репродукција од овој вид, кога младенче ќе му се роди само на еден родител и без оплодување.
Кога тоа ќе се случи, потомците се клон на мајката бидејќи се генетски идентични. Уникатното морско животно се роди во аквариумот Кала Гононе на Сардинија, Италија. Вработените во аквариумот го нарекоа „Испера“, иако ДНК тестовите покажат дека е идентична со една од женките, тоа ќе биде прв случај на асексуална репродукција кај овој вид животни, пишува Daily Mail.
Веројатно, тоа е резултат на партеногенеза, каде што генетскиот материјал од одредена клетка на мајката може да оплоди јајце клетка за да формира ембрион. Случајот со партеногенеза се уште не е потврден, но тимот вели дека друго објаснување не е можно. Тие објаснија дека асексуалната репродукција може да биде фаворизирана од одредени морски видови кои живеат во популации со мала густина, особено кога женките имаат мали шанси да сретнат мажјак со кого би можеле да се размножуваат. Персоналот на аквариумот Кала Гононе испрати два примероци од ДНК од две женски морски кучиња во специјализирана лабораторија, бидејќи само на тој начин може да се потврди хипотезата.
Публицитет.мк






