Синоќа во КИЦ „Култура 365“ во Охрид свечено беше отворена изложбата на камени мозаици под наслов „Душата на каменот“ од авторот Ленче Јовановска.
За творештвото на Јовановска зборуваше реномираниот македонски ликовен уметник Јордан Манасиески, кој се осврна и на уметничкото значење на изложените дела.
Изложбата е отворена до 8-ми март, а посетителите можат да ја посетат секој ден од 10 до 15 часот.
Публицитет.мк