Вчера во „Музејот на вода“ во Градиште по петти пат Михајло Филев чие семејство со децении ги изработува сјајните бисери и туристичкиот водич Љупчо Јузмески направија големо изненадување овој пат за група туристки од Црна Гора кои 8 Март решиле да го прослават во Охрид.
Секоја од нив како спомен доби по еден бисер и имаше можност во преубавиот амбиент на мартовското сонце да го проба и котелот „Еден“ автентичниот пијалак направен по идеја на истоимениот кластер за туризам.
И тука се замешани вештите прсти и креацијата на Михајло и неговото семејство – специјалната украсна мешалка со бисерче на врвот е негово дело.
Гостинките од Црна Гора беа фасцинирани од идејата и пречекот. Добиените подароци се чини со години ќе ги потсетуваат на престојот во Охрид и тие ќе бидат најдобрата реклама за идните гости од оваа земја.
Михајло Филев и Љупчо Јузмески не застануваат со овој проект и натаму размислуваат на нов начин да ја „продадат“ приказната за Охрид низ светот.
Публицитет.мк