• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Може ли Охрид да го стори тоа што Дубровник го стори за мештаните?!

јули 13, 2016
in Аргументи за

Да не објаснувам многу дека Дубровник е прекрасен град со богата историја и т.н. Целта на овој напис е сосема друга. Сакам да направам една споредба со Охрид.

При самото влегување во стариот град на “Страдун” во втората куќа од десна страна се наоѓа продавница за сладолед во сопственост на гостиварчанецот Цане. Овде ке добиете највкусен и најголем сладолед кој воопшто сте го пробале. Треба само да порачате на македонски јазик. Ако сте мала група се случува сладоледот да го добиете бесплатно. Во секој случај ќе платите многу помалку од редовната цена.

Дубровник  како главен туристички центар во Хрватска  е најскап град во Далмација. На пример:  кафето се движи од 2 – 5 евра, сендвич од 6 евра па нагоре, кока кола од 3 – 5 евра, храната зависно од ресторанот.

Меѓутоа она што ме фасцинира во самиот град е тоа што за жителите на Дубровник цените се со попуст од 30%

Со колешката (локален водич) кога седнавме во еден ресторан да се освежиме ми вели: -Кога ќе порачувам ти молчи да не те сетат дека си странец. Кога ја донесоа фискалната сметка на истата писуваше – за граѓаните  на Дубровник попуст 30%.

На толкава бројка туристи кои влегуваат секојдневно во градот некој се сетил и на граѓаните кои се тука присутни преку цела година.

Можно ли е ова и во нашиот Охрид?! Нам на охриѓани животот во сопствениот – роден град ни е најскап. Ние цела година како да сме на одмор.

Ќе се сети ли некој да стори нешто слично, овде во градот кај преубавото Езеро или како што милуваме да кажеме нашето слатко Море.

П. С:

И во Дубровник се’ уште можите да ги храните гулабите без да платите казна (истата во Венеција од пред една година изнесува 300 евра).

saso

 

Поздрав,

Сашо Апостолоски, лиценциран туристички водич – ТА „Венус травел“ – Охрид

Посетеност: 106
Share
Previous Post

Во пресрет на израелската вечер на „Охридско лето“ амбасадорот на Израел на прием кај градоначалникот Бакрачески

Next Post

„Зауздана поезија“ прва поетска „рожба“ на Светлана Неделкоска

Next Post

„Зауздана поезија“ прва поетска „рожба“ на Светлана Неделкоска

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 106

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk