Откако со актуелниот сингл „10 лета“, односно „Деценије“, Даниел Кајмакоски по втор пат го освои врвот на регионалната топ листа на Ем-ти-ви – „Домачица“ (првиот пат со „Не могу против срца свог“), музичкиот канал едноставно не можеше да не го смести меѓу номинираните за наградата „Најдобар изведувач од Балканот“ (Best Adria Act) на претстојните европски музички награди, чие доделување е закажано за 25 октомври во Милано.
Покрај Кајмакоски, номинирани се и „Ту челос“, Марчело и „Хладно пиво“, а петтиот номиниран ќе го одбере публиката по принципот „вајлд карта“, односно со гласање на социјалната мрежа Твитер.
Извор: zazabava.com
Насловна фотографија: HELLO