Може да одговори на повеќе од 200 прашања. Има и екран со мапа и насоки за туристите низ градот.
Мултијазичен робот е поставен во туристички информативен центар во Токио. Роботот висок 90 сантиметри произведен од Хитачи комуницира на јапонски, англиски и кинески јазик со помош на вештачка интелигенција.
Може да одговори на повеќе од 200 прашања. Има и екран со мапа и насоки за туристите низ градот.
Компанијата планира да постави вакви роботи на поголемите станици во Токио за време на Олимпијадата и Параолимпијадата во 2020 година.
Извор: www.mrt.com.mk