Денеска во Охрид се одржа показна вежба „Спречување на нарушен јавен ред и мир на концерт“ што ја организираше Секторот за внатрешни работи во оваа општина.
„Особено во последната деценија, со зголемување на бројот на полициските службеници, Министерството за внатрешни работи демонстрираше подготвеност одлучно да се спротивстави на сите видови криминал, да го одржи јавниот ред и мир и да ја зголеми безбедноста во сообраќајот на патиштата“, рече Чавков.
Показната вежба е дел од презентацијата на реализирани мерки и активности за одржување на јавен ред и мир и безбеден сообраќај, спречување и откривање на сторители на кривични дела за време на туристичката сезона.
На вежбата присуствуваа и директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Горанче Савовски и Ангел Јанев, заменик на градоначалникот на Охрид.
Извор:www.mkd.mk






