• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Награди на 23. Фестивал на европски филм во Палиќ

јули 23, 2016
in Филмољубие

Синоќа во Палиќ со свеченото доделување на наградите на најдобрите , заврши 23 . фестивал на европски филм кој започна на 16 .јули.По доделувањето на наградите на завршната вечер беше прикажан финскиот филм „Најдобриот ден во животот на Оли Маки“.

pal 1 copy

Оваа година во главната натпреварувачка програма учествуваа 13 филмови од кои 12 беа во трката по награди.Фестивалското жири за главната натпреварувачка програма работеше во состав: Јешим Устаоглу (Турција), Рина Шилдос (Естонија), Аисте Диржуите (Литванија), Михаела Кезеле (Германија) и Стефан Арсенијевић (Србија).

Тие едногласно одлучија наградата „ Златна кула“ за најдобар филм да му ја доделат на филмот „ Тони Ердман“ на режисерката Марен Аде, филм кој говори за замрсените односи меѓу таткото и ќерката  прикажан низ хумор.Тоа е всушност приказна за односите  татко и ќерка во овој современ отуѓен свет кој е во постојана трка по успех.

Филмот, да се потсетиме ,беше прикажан во званичната конкуренција на годинешниот Берлински филмски фестивал.

pal 2

Наградата за најдобра режија „ Палиќка кула“ му припадна на познатиот романски режисер Кристијан Мунѓију за неговиот филм „ Матура“. Мунѓију неколкупати досега бил гостин на овој фестивал со филмовите; „ 4 месеци,3 недели и 2 дена“ и „ Зад ридот“.

Жирито во своето образложение за наградата ќе напише дека  режисерот покажува голем талент во создавањето на перфектен портрет на дезинтегрираното и нефункционалното општество со помош на непогрешливо убедлива глума на актерите.Мунѓиу беше гостин на фестивалот кој во средба со новинарите говорел за својата естетика и сваќање на филмот но и за генерацијата на синеасти од новиот романски бран кој се појави по 1989 година.

pal 3

Оваа година меѓународното жири одлучи да додели и две Специјални признанија. Едното му припадна на филмот „ Дневникот на машиновозачот“ на режисерот Милош Радовиќ , кој да се потсетиме беше прогласен за најдобар филм според изборот на гледачите на годинешниот филмски фестивал во Москва. Жирито во својата одлука ќе образложи дека филмот преставува изненадувачка црна комедија со урнебесен актерски ансамбл и единствена визуелна интенција која публиката не ја остава рамнодушна.

pal 4

Второто специјално признание жирито одлучи да му го додели на полско – шведскиот филм „ Љубовта е горка“ на режисерот Томаш Василевски.Филмот користејќи фрагменти од животот на четири жени гради силна приказна за осаменоста и копнежот.

pal 5

Меѓународното жири на критиката од натпреварувачката програма „ Паралели и судири“, предводено од српската филмска критичарка од Виена, Марина Рихтер, за најдобар филм го прогласи унгарското остварување „ Патека од лилјани“ на режисерот Бенедек Флигауф.Во образложението на жирито за оваа награда стои: „ Ова филмско доживување не одведе на места за кои не бевме подготвени, а потоа не врати назад“.

pal 6 copy

Ова жири специјална награфа му додели на словачкиот филм  „ Ева Нова“ во режија на Марко Шкоп.Фимот преставува емотивна приказна која говори за одлуките, врските и  вината кои се појавуваат како животни пресвртници.

pal 7 copy copy copy

За прв пат оваа година е воведена програмата „ Очи во очи“ која беше наменета за помладите љубители на филмот чија програма ја оценуваше стручно жири предводено од Лара Мајкиќ. Според жирито за најдобар филм во оваа категорија е прогладсен филмот „ Лекција“ во режија на Кристина Грозева и Петр Влчанов кој преставува бугарско –грчка копродукција.

pal 8

Инаку, фестивалот започна изминатата сабота ( 16. Јули.) на летната сцена во Палиќ со врачувањето на наградите „ Александар Лифка“ на режисерите Слободан Шијан и Улрих Сајдл од Австрија, за придонес во европскиот филм. По врачувањето на наградите тие заедно го прогласија фестивалот за отворен.На отворањето на фестивалот беше прикажан документарниот филм „ Пожар на море“ на режисерот Ѓанфранко Рози, годинешниот добитник на „ Златната мечка“ на годинешниот Берлински филмски фестивал.

pal 9

Наградата на публиката, статуетката „ Горчлив лист“, му припадна на унгарската крими комедија „ Убиец со чисто срце“ на режисерот Атила Тил.

Директорот на фестивалот радослав Зеленовиќ , наредниот фестивал на европскиот филм во Палиќ го закажа за 15 . јули. следната година.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 110
Share
Previous Post

Иван Антоновски: -Во кое време живеам?

Next Post

MВР во Охрид вежбаше како да спречи нарушување јавен ред и мир на концерт

Next Post

MВР во Охрид вежбаше како да спречи нарушување јавен ред и мир на концерт

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 110

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk