• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

На 51-вото Светско првенство во боулинг ќе учествува и Македонија

октомври 22, 2015
in Занимливости

Уште една Македонска репрезентација гордо ќе ја претставува државата на Светско првенство.

Овојпат, тоа е во една од најзабавните спортски игри – боулингот. Репрезентацијата, која се составува во моментов на турнирско натпреварување, ќе стои под државното знаме во Лас Вегас, каде од 13-ти до 20-ти ноември ќе се оддржи 51-вото Светско првенство во боулинг. 

 Уште една Македонска репрезентација гордо ќе ја претставува државата на Светско првенство. Овојпат, тоа е во една од најзабавните спортски игри – боулингот. Репрезентацијата, која се составува во моментов на турнирско натпреварување, ќе стои под државното знаме во Лас Вегас, каде од 13-ти до 20-ти ноември ќе се оддржи 51-вото Светско првенство во боулинг.

”Ни претставува чест што сме домаќини на турнир на кој, сите заинтересирани, можат да ги покажат своите вештини во боулинг. Истиот трае до 29-ти октомври, кога е големото финале. Интересот е навистина голем, а интересно е што на турнирот учествуваат луѓе од различни генерации, со и без искуство во боулинг, што значи дека има навистина голема конкуренција, но е и навистина забавно. Пријавувањето е сеуште отворено за сите во машка и женска конкуренција, па би упатил уште еден повик до сите заинтересирани, да дојдат и да го пријават своето учество на турнирот чии победници ќе ја претставуваат Република Македонија. Целта е едноставна – да ја претставиме нашата земја во најдобро светло, уште во првото нејзино учество на Светско првенство во боулинг”, изјави Дејан Бошковски, менаџер на боулинг клубот ”Bo Bowling”.

 

kugka

Токму најголемиот боулинг клуб во Македонија, „Bo Bowling” e главен покровител на патувањето на Македонската репрезентација во нејзиниот прв боулинг поход преку Океанот. На победниците на финалниот турнир, кој е закажан за 29-ти октомври, ќе им биде обезбедено патувањето, сместувањето, како и котизацијата за учество на Светското првенство.

Пријавувањето за турнирското натпреварување на кое се одбира репрезентацијата е во тек, и се одвива во боулинг клубот „Bo Bowling” во Скопје Сити Мол. 

Посетеност: 100
Share
Previous Post

Свечено одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Next Post

Утревечер по 23 часот гостинка во „Мојот живот, мојот свет“ м-р Оливија Пирузева – Јанева

Next Post

Утревечер по 23 часот гостинка во „Мојот живот, мојот свет“ м-р Оливија Пирузева - Јанева

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 100

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk