Само неколку дена откако беше промовираната песната „Dance Alone“ со која Јана Бурческа ќе ја претставува Македонија на Евровизија, познати се сите композиции со кои земјите од регионот ќе се натпреваруваат на музичкото шоу.
Интересно е што сите песни се на англиски јазик.
СРБИЈА
Тијана Богичевиќ со „In Too Deep“ ќе се бори за српска победа.
ЦРНА ГОРА
Славко Калезиќ, кој на македонската јавност ѝ е познат од шоуто „X Factor Adria“, ќе ја претставува Црна Гора со песната „Space“.
АЛБАНИЈА
Линдита Халими ќе настапи на евровизиската сцена во Киев со песната „World“.
БУГАРИЈА
16-годишниот Кристијан Костов ќе ја претставува Бугарија со композицијата „Beautiful Mess“.
ГРЦИЈА
Нашиот јужен сосед ќе се натпреварува со „This Is Love“.
ХРВАТСКА
Жак Хоудек со „My Friend“ ќе се обиде да ја однесе Хрватска до посакуваната победа.
МАКЕДОНИЈА
Песната „Dance Alone“ на Јана наиде на многу комплименти не само во нашата држава, туку и во странство.
Извор: http://www.femina.mk/