• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, јули 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

На Фејсбук функционира јавната група: „Охрид кој веќе го нема“

ноември 20, 2015
in Култура

Од денеска на социјалната мрежа Фејсбук функционира јавната група „Охрид кој веќе го нема“. 

Идеен творец на групата и неговото заштитно лого е историчарот на уметност Милчо Георгиевски, кој истовремено е и голем поборник за зачувување на автентичниот изглед на Охрид, особено на неговото старо градско јадро и кражбрежието. Георгиевски покренувајќи ја групата напишал: 

-Групава има една и единствена цел, да ги привлече на едно место сите вистински, искрени вљубеници во Охрид, градот чии традиционални и надалеку познати архитектонски и други културни вредности од ден на ден неповратно исчезнуваат и се заменуваат со некакви новокомпонирани грдотии, а кичот се промовира во некаква нова естетика која се стреми да го обезличи нашиот, но и универзалниот Охрид.

Сакаме овде, сите заедно да споделуваме фотографии, спомени и размисли за настани, објекти и личности заради кои Охрид бил Охрид, а кои, за жал веќе ги нема.

Без разлика дали сте родени и живеете во Охрид, дали тука сте се доселиле од друго место, дали сте се отселиле од него и живеете некаде далеку, или воопшто не сте од Охрид и не живеете во него, а го сакате како што само Охрид може да се сака, искрено, безусловно и неизмерно, сите сте поканети овде да ги споделуваме заеднички нашите спомени од секаков вид и барем на тој начин да ја сочуваме и пренесеме автентичната слика за овој град на сегашните и идни генерации, напиша историчарот на уметност Милчо Георгиевски, основачот на групата на својот профил. 

„Публицитет.мк“ и досега на своите страници пласираше вакви и слични содржини и секако и натаму ќе е отворен за соработка со оваа социјална мрежа и дел од објавеното во неа ќе биде соодветно третирано и на нашиот веб портал. 

Не се сомневаме дека јаваната група „Охрид кој веќе го нема“ дека за кусо ќе стане поипуларна и богата со содржини. 

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 127
Share
Previous Post

Советот на Општина Охрид ја одржа 47 седница

Next Post

Утре е Св. Архангел Михаил в недела „Преподобна Матрона“

Next Post

Утре е Св. Архангел Михаил в недела „Преподобна Матрона“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 127

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk