Вчера по каналот и по течението на реката Сатеска се одржа традиционалната 9-та Волинска регата 2018.
Учесниците беа обезбедени со потребните пловни реквизити.
Манифестацијата започна да се организира по иницијатива на волинецот Саре Мочароски и нема натпреварувачки, туку забавно – рекреативен карактер и е своевидна носталгија по времето кога сите волинци се капеа по витлите на Сатеска и пловеа по неа.
Публицитет.мк