
Доколку бевте искрени и чесни, а не злонамерни и подмукли, вашата загриженост за Булеварот „Македонски Просветители“ ќе ја искажевте во периодот кога проектот беше во фаза на проектирање. Наместо кога ги согледавте сите недостатоци на проектот да кажете стоп проектот треба да се доработи, вие го избрзавте мислејќи дека нецелосен проект е клучот за добивање на Локални избори, возвраќаат од одделението за односи со јавност од Општина Охрид.
Градоначалникот Кирил Пецаков, во неколку наврати до сега ги докажал и ги докажува неговите менаџерски способности така што овозможува непречено функционирање на Локалната самоуправа и Јавните претпријатија кои за жал вашите истакнати менаџери ги оставија во тотален хаос и финансиски во катастрофална состојба. Градоначалникот Пецаков и во овој проект успеа за брзо време да ги анулира сите недостатоци на првичниот проект, да обезбеди финансии и да ги искоординира сите градежни активности за непречено течење на активностите. Охриѓани за многу скоро време ќе имаат Булевар достоен и уреден како што заслужуваат.
Реагираа и од ВМРО ДПМНЕ Охрид: Заврши времето кога Охрид тонеше во безизлез и кога дивееше урбаната мафија. СДСМ нема право да зборува за туристичка сезона затоа што направија ненадоместливи штети за туризмот, за угостителите и охриѓани кои живеат од туризмот и угостителството. Охрид и туристите веќе го забележуваат новиот однос на Локалната самоуправа кој се одликува со работа и решавање на проблемите на граѓаните, се вели во соопшптението.
Публицитет.мк






