
Охрид, сред туристичка сезона… Нервозни охриѓани, запрепастени туристи кои очајно бараат начин да стигнат до езерото. Прашина, машини, кабли, непристапност, тотален хаос, обвинуваат од СДСМ Охрид, коментирајќи ја состојбата со незавршениот булевар „Македонски просветители“.
Градоначалникот Пецаков ги покажа своите менаџерски способности! Пред граѓаните ветуваше дека до први јуни реконструкцијата ќе биде завршена.. Во низата ветувања, како по навика уште едно нереализирано. За ВМРО ДПМНЕ и Пецаков не важи ни забраната за вршење градежни работи во текот на туристичката сезона, тие се локална власт, според нив правилата се за обичните граѓани. Добредојдовте во Охрид, заборавете на прошетките по кејот и пристаништето, освен ако сте љубители на авантури, лавиринти и адреналин, а за спомените што ќе ги понесете заблагодарете му се на Пецаков. Дуќанџиите, угостителите резидентното население и охриѓани ќе го почекаат наредното лето за непречен пристап на гостите до нивните дуќани, ресторани, канцеларии, домови, стои во соопштението од СДСМ Охрид.
Публицитет.мк






