• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 22, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

„На зајдисонце- 2015 “ во Трпејца

јули 19, 2015
in Актуелно

Од вечерва до 28 јули во Трпејца по четврти пат ќе се одржува културно- забавната манифестација „На зајдисонце“ 2015.

Организатор на манифестацијата е Здружението „ За Трпејца со љубов“  со поддршка на Месната заедница и Црковниот одбор. Манифестацијата и годинава е  под покровителство на Општина Охрид.

Според организаторите  манифестацијата ја постигнува целта- раздвижување на луѓето во насока на развој на културниот туризам, а истовремено расте и интересот на гостите , токму за време „На зајдисонце “ да се во Трпејца.

za trpejca

На летната сцена „Кај бунарот“  новото издание „На зајдисонце “ во 20 и 30 часот ќе биде отворено со ликовната изложба на дела од академскиот уметник – графичар Павел Целкоски чии родители потекнуваат од Трпејца. Целкоски дипломирал и магистирал графика на Ликовната академија во Софија, Бугарија а гради и своја интернационална уметничка кариера. Во мигов живее и твори во Софија.

pavel 2

Традиционално  „На зајдисонце “ и годинава ќе настапи  ансамблот „Билјана“ од Охрид. Младите музичари ќе направат пред промоција на деновиве снименото ЦД  со стари и подзаборавени охридски и македонски песни и ора.

make

Во вторник  21 јули ќе започне Школата за пливање со професор Соња Думбалоска – Делова , а професор Габриела Неделкоска и годинава ќе ја раководи Школата за англиски јазик. Во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути ќе биде прикажан документарниот филм „Тајните на Охридското Езеро“ а  за сопствените најнови подвизи ќе зборува меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски од клубот „Амфора“ .

Во среда на 22 јули – вечерта ќе биде промовиран романот „Митуш“ кој во себе ја крие вистинската приказна за убавата  Русе по потекло од Трпејца. Автор на книгата е  Божана Атанасова – Митуш. Истата вечер со одбрана евергрин музика ќе настапат младите музичари: Филип, Климент, Лео и Игор.

dzomleze i riba

Следниот ден – четврток, спроти зајдисонце ќе започне школата за цртање со која ќе раководи познатиот охридски уметник Слободан Пупиноски, а вечерта ќе продолжи во ист стил со културниот мост Охрид – Торното и најновото претставување на уметникот Мајкл Клос од Канада.  Во рамките на воспоставената соработка со „Вевчанското лето“  Мајкл Клос на почетокот од август, годинава својата уметност ќе ја претстави и во Општина Вевчани,а Вевчани во Трпејца во петок на 24 јули ќе се претстави  со промоцијата на „Вевчанскиот еротски буквар“ од Сашо Бетоски,а  студентот по соло пеење на ФМУ Костадин Костоски од Вевчани ќе отпее неколку популарни оперски арии. Претходно, во петок започнува и Школата за шах која ќе ја раководи Борис Лушески од ШК „Ласкер“ од Охрид.

Во сабота на 25 јули претпладнето ќе се одржи традицоналната кајакарска регата  „Номче Митрески„ а вечерта целовечерен настап ќе има КУД „Далги“ при Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Ќе настапи и Детското драмско студио „Развигорче“ раководено од Ристана Мојсоска, одделенски наставник во пензија, исто така, при ЗП, а вечерта ќе биде отворена со изложбата на дела од школата за цртање „На зајдисонце“ 

Неделата, вечерта ќе биде резервирана за Концертот на Основното музичко училиште „Методи Патче“ – настанот е спонзориран од Фондацијата „Македонија 2025“ .

Седмиот ден од манифестацијата „На зајдисонце“ ќе се одржи  натпреварот – фаќање риба на јадица,а вечерта магистер Ленче Мојсоска, историчар на уметност во Завод и Музеј од Охрид  ќе зборува за фрескоживописот на црквата Света Богородица Захумска.  

На свеченото затворање на 28 јули – вторник ќе му претходи традиционалната прошетка по патеката Чоколско,а вечерта ќе биде прикажан  играниот филм „Апостолите на словените – двајца браќа една животна мисија“ посветен на светите Кирил и Методиј. Со филмот всушност се воспоставува културниот мост помеѓу Прага и Трпејца.

Публицитет.мк

Посетеност: 114
Share
Previous Post

10 работи во кои жените сепак се подобри

Next Post

Македонската телевизија снима документарец за јубилејот на „Охридско лето“

Next Post

Македонската телевизија снима документарец за јубилејот на „Охридско лето“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 114

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk