Не дека сакаме да се натпреваруваме, но очигледно е дека жените се лути на истражувањата кои сугерираат дека ние мажите сме поспособни од жените во некои работи.
Но, да бидеме реални, сите знаеме бројни примери за жени кои се поспособни од многу мажи.
Во прилог на тоа, еве едно истражување кое докажува дека жените поседуваат некои способности кои мажите ги немаат, а ние нема да бидеме шовинисти и ќе ги пофалиме.
1. Жените учат подобро
Истражувањето спроведено на Грузискиот и Колумбија универзитетот открива дека жените, имаат подобри предиспозиции за учење. Жените се поплашливи, пофлексибилни, подобро организирани. Затоа тие се подобри од нивните машки колеги.
2. Поинтелигентни се
Според резултатите од IQ тестовите спроведени ширум светот, жените имаат поголемо IQ од мажите. Истражувачот Џејмс Фин ги анализирал IQ тестовите на луѓе од Америка, Европа, Канада, Нов Зеланд, Аргентина, Естонија и дошол до резултат дека жените дефинитивно имаат повеќе поени.
3. Поуредни се
Во истражување од Сан Диего Универзитетот, набљудувани се канцеларии ширум Америка. Утврдено е дека масите на мажите се далеку поизвалкани отколку кај жените. Мажите имаат 10 до 20% повеќе бактерии во работните простории од жените бидејќи водат помалку грижа за хигиената.
4. Подобро поминуваат на разговорите за работа
Новото истражување од Универзитетот Западно Онтарио открива дека жените подобро го поднесуваат стресот од разговорот за работа. Додека жените повеќе паничат пред самото интервју, сепак се покажале дека се подобри од мажите на самото интервју. Зошто? Затоа што поминуваат повеќе време припремајќи се за разговорот… а имаат и џокер кој се вика длабоко деколте.
5. Стануваат поубави
Новото истражување покажува дека жените стануваат поубави низ еволуцијата, за разлика од мажите кај кои е забележана стагнација. Во едно истражување биле следени повеќе од 2.000 луѓе во текот на 4 децении од нивниот живот. Научниците заклучиле дека визуелно привлечните жени во просек имаат 16% повеќе деца од жените со просечен изглед и дека убавите луѓе имаат 36% повеќе шанси првото дете да им биде девојче.
6. Полесно ја задржуваат работата
Според резултатите од Светскиот завод за статистика, 80% од оние кои изгубиле работа од декември 2007 година биле мажи. Тоа можеби се објаснува со фактот што мажите главно доминираат во сферата на бизнисот и финансиите.
7. Почесто го завршуваат факултетот
Веќе знаеме дека жените почесто се запишуваат на факултет, но статистичките податоци велат дека жените процентуално почесто и побрзо го завршуваат факултетот од мажите. Периодот на студирање кај мажите е подолг од 5 години.
8. Поздраво се хранат
Научниците од универзитетот во Минесота спроведоа истражување на повеќе од 14 илјади испитаници и заклучиле дека жените бираат многу поздрава храна од мажите. Додека мажите попрво би каснале ќебапи и црвено месо, жените повеќе се одлучуваат за јадење на овошје и зеленчук.
9. Живеат подолго
Помеѓу светската популација која има повеќе од 100 години, 85% се жени, велат податоците од Новоанглиското истражување на стогодишниците. Генерално, жените продолжуваат да живеат 5 до 10 години подолго од самите мажи. (во наша одбрана – жените се криви што ние умираме пред нив)
10. Прават подобри инвестиции
Во истражувањето според сто илјади инвестициски фондови на поединците, женските инвестициски приноси ги поминаа машките, во однос 18% спрема 11%. Причината може да биде што жените се обично повнимателни во донесувањето на инвестициските одлуки и секогаш мислат на подолг рок.
Извор: Репортер.мк