• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

„На зајдисонце“ во Трпејца продлжи со богата и интересна програма за сите генерации

јули 22, 2016
in Тикер

Вчера централен настан на вториот ден од манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца беше трибината посветена на Превенцијата од крвно и сексуално преносливи инфекции.

Предавачите Јулијана Настоска и Бети Стојкоска и активистката Силвана Ереш од НВО „Опција“ги презентираа општите но и најнови светски сознанија во борбата против ХИВ –СИДА, Хепатит Ц како за Дрогите, видовите дроги.Настанот предизвика  интерес особено кај младата популација а низ разговорот со модераторот на трибината Милчо Јованоски, присутните добија одговори на прашањата кои немаа храброст да им ги постават на предавачите.

Присутните имаа можност да видат и еден краток филм посветен на ХИВ – СИДА , како и постер презентација подготвена како вовед во темата дроги и видови дроги.Претходно членките на НВО „Опција“ по бисерната плажа во Трпејца на туристите и им поделија флаери со информативни содржини кои вечерта беа презентирани на трибината.  

 

13817079 1404729676222837 180849154 n    

Вчера претпладнето започна тридневната Школа – Учиме англиски под раководство на м-р Габи Неделкоска.

Денеска попладне ќе започне тридневната Школата за цртање под раководство на уметникот Слободан Пупиноски. Во вечерниот термин од 20.30 часот  на културно – забавното лето гостува Михајло Филев потомокот на познатата охридска фамилија Филевци една од двете охридски фамилии кои ја знаат и чуваат тајната за изработката на вистинскиот охридски бисер, стара речиси еден век.

Утре, сабота 23 јули од 10 часот на брегот на езерото во Трпејца ќе се одржи натпревар во фаќање риба на јадица за најдобрите риболовци на плашица ќе следат симболични награди.

Вечерта од 20 часот ќе започне променадата со кајче по езерото, атрактивна за гостите кои одмораат во Трпејца и оние кои ќе вечераат во неколкуте ресторани крај брегот. Ученици од ОМУ „Методи Патче“ во избор на м-р Нина Момировска ќе свират на различни инструменти и ќе пловат крај брегот.

Четвртата вечер на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе биде заокружена со прикажувањето на документарниот филм „Охрид – град галерија“ дело на авторот – м-р Милчо Јованоски. Документарецот говори за петмина охридски ликовни уметници: Вангел Наумоски, Јоне Симонче, Живко Пејовски, Јордан Манасијески и Славко Упевче. Филмот е во продукција на Здружението КУЛТ – ДАМ и во 2009 година неговата изработка беше финансирана од страна на Општина Охрид, а во Трпејца за првпат ќе биде прикажан јавно и во целост пред публика.

Публицитет.мк

Посетеност: 141
Share
Previous Post

АЛПОЈО: Аперол пијалак што Италијаните со задоволство го пијат како аперитив

Next Post

ВМРО НП – Охрид: – Незадоволни сме од малиот број проекти на Владата во регионов

Next Post

ВМРО НП - Охрид: - Незадоволни сме од малиот број проекти на Владата во регионов

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 141

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk