Аперол шприцот е апсолутен хит на летото
По долгиот летен ден или по пливањето на плажа, можете да се освежите со италијански коктел кој потекнува од Падова.
Регионален дистрибутер на Аперолот е АЛПОЈО – Охрид.

Коктелот Аперол шприц секое лето е се’ побаран. Аперолот делува освежувачки и речиси го заменува пивото со вкусови. Овој освежителен пијалак е едноставен и едноставно може да се подготви. Значи, вие нема да потрошите многу време на комбинацијата на различни состојки и пијалаци.
За коктел ви треба шампањ, ликер Aperol и сода вода и портокал што се сече на парчиња како декорација. Во една чаша со коцки мраз се става околу две петтини од Aperol, па се додаваат три петтини од шампањот и една шприц сода Во коктелот ставете едно парче – кришка портокал и измешајте ги со сламка.

На сите ни е позната изреката: „Појадокот изеди го сам, ручекот подели го со пријател, а вечерата дај му ја на непријателот. Меѓутоа, кога се работи за Италијанците работата е сосема поинаква! Секој просечен Италијанец својот појадок без размислувања би му го дал на непријателот, ручекот би го поделил со пријател, а од вечерата или аперитивот тешко дека би се откажал. Речиси никако!

Тоа е веројатно и причината зошто во сите Италијански градови од 19ч до 21ч сè застанува, улиците се празнат, како да стапува на сила полициски час затоа што е време за аперитив – омилениот ритуален дел од денот кај секој Италијанец!

Но што е тоа што Италијаните со задоволство пијат како аперитив?
Ако ги исклучиме сите домашни врви вина по кои инаку Италија е позната, првиот аперитив деликатес за кој би се определил речиси секој просечен Италијанец е т.н. „Аперол Шприц“ – коктел сочинет од портокалов ликер Aperol, пенливо венециско вино Prosecco и сода вода! Оваа освежителна комбинација од напитоци својата благодарност најмногу ѝ ја долгува на glavnata sostojka, ликерот Aperol, сочинет како мешавина од квалитетни растенија, корени и цитрус – сладок и горчлив портокал. Неговиот оригинален и таен рецепт прв пат е успешно претставен во Падова во 1919 година од страна на браќата Барбери, а благодарејќи на својот низок процент на алкохол од 11% во комбинација со вториот крал на аперитивите Prosecco за брзо време станува омилен пијалак на Италијанците. Денеска во Италија „Аперол Шприц“ се пие во сите градови ширум Италија и претставува заштитен знак за традиционален аперитив. Рецептот за „Аперол Шприц“ веќе не тајна, уште повеќе, пијалакот што го пие цела Италија заслужува да биде поделено со сите љубители на добриот вкус во Македонија. Рецептот е пренесен и на нашите бармени, така што вкусот на „Аперол Шприц“ кај нас совршено се совпаѓа со оној од Италија. Уживајте во вкусот на Италија.
Публицитет.мк






