• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, ноември 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Награда за охридскиот актер Стрезо Стаматовски на фестивалот „Гола месечина“

септември 10, 2019
in Култура
Награда за охридскиот актер Стрезо Стаматовски на фестивалот „Гола месечина“

Актерот Стрезо Стаматовски од Народниот театар Охрид се закити со наградата за најдобра епизодна улога на шестиот меѓународен фестивал на комедијата „Гола Месечина“ што се одржа изминатите денови во Скопје, во организација на НУ Театар „Комедија“.

Актерскиот ансамбл на Охридскиот народен театар на фестивалот ја изведе театарската претстава „Каде е пиштолот“  од Габор Ѓореј, а во режија на Дејана Николовска.

Министерот за култура Исмаили, во рамките на фестивалското доделување на наградите, ја додели наградата за најдобра претстава и најдобра режија на претставата „39 скалила“ на Загрепскиот театар на комедијата.

На последната фестивалска вечер беше изведена стендап-комедијата од охридскиот актер Никола Тодоровски, а премиерно беше прикажан и документарен филм за доајенот на македонската култура, големата актерка Анче Џамбазова, што го сними НУ Театар „Комедија“. Филмот, во кој се прикажани разни аспекти од животот и кариерата на Џамбазова е во режија на Миле Гроздановски, а по сценарио на Гоце Трајковски.

Публицитет.мк

Посетеност: 116
Share
Previous Post

В сабота крводарителска акција

Next Post

По патот на поезијата хрватски поети беа во Охрид

Next Post
По патот на поезијата хрватски поети беа во Охрид

По патот на поезијата хрватски поети беа во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 116

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk