
Општинската организација на Црвениот крст од Охрид , в сабота, на 14 септември ќе организира крводарителска акција.
Акцијата ќе се одржи во центарот за култура „Григор Прличев“ во времето од 9 до 14 часот.
Од Црвениот крст велат дека очекуваат да се соберат околу 30 до 40 единици крв, и ги покануваат хуманите граѓани да ја донираат драгоцената течност која може да се спаси човечки живот.
Публицитет.мк






