• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Наградените од 72. Филмски фестивал во Венеција

септември 16, 2015
in Филмољубие

 

Годинешното 72 издание на Венецијанскиот филмски фестивал заврши во саботата на 12 септември со свечената церемонија на доделувањето на филмските награди. Според известувачите, одлуките на жирито за наградите од главната натпреварувачка програма предизвикале големи негодувања кои пред се’ му биле упатени на председателот на жирито Мексиканецот Алфонсо Куарон.

venec 1

Главната награда„ Златен лав“ за најдобар филм му припадна на венецуелско-мексиканскиот филм „ Од далеку“ на режисерот Лоренцо Вигас. Интересно е дека станува збор за првиот венецуелски филм што во историјата на оваа кинематографија влегол во конкуренција на фестивалот во Венеција и дека воедно се работи за режисерско деби на Вигас.Филмот ја раскажува приказната за 50-годишниот Армандо од Каракас кој му плаќа на младиот гангстер Елдер за да го придружува , при што нивните животи го менуваат дотогашниот тек.

При доделувањето на наградите бил изненаден дури и самиот режисер кој во таа прикика рекол дека „ Венецуела во последните неколку години се соочува со проблеми  но дека тие се извонредна нација и дека се надева набрзо ќе започнат меѓусебно да се разбираат“.

 

ven 2

И наградата „ Сребрен лав“ која се доделува за најдобра режија ја доби еден Латиноамериканец со што уште повеќе се потврдиле сомневањата дека проработила латиноамериканската кујна. Оваа награда му припадна на Аргентинецот Пабло Траперо за мрачниот политички трилер “Клан“, кој е работен според вистински настани и личности  од крајот на седумдесетите години од изминатиот век, кога целото семејство на демонскиот Франчело Пуѓо учествувало во киднапирање и убивање на луѓе во Аргентина и тоа по падот на воената хунта.

ven 3

Главната награда на жирито му припадна на долгометражниот американски анимиран филм „ Аномалиса“на режисерскиот двоец Чарли Кауфман и Дјук Џонсон.

ven 4

Францускиот филм „Хермелин“ на режисерот и сценаристит Кристијан Винсент освои две награди, за најдобро сценарио и наградата “Пехар Волпи“ за најдобра машка улога која му припадна сосема заслужено  на извонредниот францускоит актер Фабрис Лукини.Тој во филмот игра лик на еден средовечен строг судија , викан „Двоцифрен “ заради тоа што никогаш не досудувал казни помали од 10 години. Но, како и секој жив човек и тој има точка на топење.Тоа е една поротничка која го вознемирува неговото срце.

ven 7

Наградата за најдобра женска улога („Пехар Волпи“) и’ припадна на актерката Валерија Голино за улогата во италјанскиот филм „ За твоја љубов“ на режисерот Џузепе Гаудино, кој беше прикажан на последниот ден од фестивало

ven 6

 Наградата именувана како „ Марчело Мастројани“ која се доделува на најдобар млад актер, оваа година му припадна на малечкиот Абрахам Атах за улогата во американскиот филм „ Чудовишта без нација“ на режисерот Кери Фукунага.Филмот говори за децата –воини во африканските крвави судири.

ven 5

Специјалната награда на жирито му припадна на турско-француско-катарската копродукција “ Блокада“  на режисерот Емин Алпер кој преставува голема алегорија  на репресивниот политички систем и луѓето кои се присилени да бидат полициски кодоши.

ven 8

Жирито на паралелната програма „ Хоризонти“ , со кое председаваше познатиот режисер Џонатан Деми за победнички филм го прогласи американско – австралискиот филм „ Навистина слободен “ на режисерот Џејк Махафи.

Наградата во рамките на оваа програма, но во категоријата кусометражен филм , и’ припадна на младата хрватска авторка Дубравка Туриќ за филмот „ Беладона “.Инаку ова евтора награда едноподруго за хрватите која тие ја освојуваат во оваа категорија.

ven 9

Жирито на филмските критичари наградата Федеора за најдобар европски филм во главната натпреварувачка програма од 72 . Мостра , му ја додели на филмот   „Франкофонија “. Овој вонсериски документарно-играно-есејистички филм како режисер го потпишува познатиот руски автор Александар Сокуров. Овој филм освоил и најголем број на гласови од страна на публиката.

ven 10

„ Златниот лав“ заживотни дело свечено му беше врачен на францускиот режисер Бертранд Таверние. Посебна почест му беше оддадена и на легендарниот мексикански режисер Артур Рипстајн за неговата 50 годишна плодна работа.

 venec 11 copy

На познатиот американски режисер Брајан Де Палма му беше врачена наградата  „Слава на филмскиот творец“, додека на неговиот сонародник американскиот режисер Џонатан Деми,творецот на филмот „ Кога јагнињата ќе стивнат“ , му припадна наградата „ Визионерски талент “.

Годинешниот фестивал ,како што е познато ,започна на 2. Септември со проекцијата на филмот „ Еверст“ кој беше прикажан надвор од конкуренција.Оваа година на фестивалот беа прикажани 55 долгометражни и 16 кусометражни филмови. За главната награда на фестивалот „ Златен лав “ се натпреваруваа 21 филмови.

venec 12

Годинешниот фестивал имаше и несекојдневен воведен ден кога во двораната „Дарсена“ беше одржана свечена проекција на ретаврираната копија на авторската верзија на филмот „ Отело“ , кој великанотн филмската уметност Орсон Велс го снимил во 1951 година , а веќе во наредната година ја освои наградата „ Златна палма“. Ова беше еден од многиуте настани со кои фестивалот во Венеција се приклучи кон одбележувањето на 100 години од раѓањето на овој великан.

Ѓоко Симјаноски/Публицитет.мк 

Посетеност: 129
Share
Previous Post

Највисокиот, најстариот и најстрашниот надворешен лифт во светот

Next Post

НОВА ТВ: Катица Јанева се заблагодари на партиите и меѓународниот фактор за изборот

Next Post

НОВА ТВ: Катица Јанева се заблагодари на партиите и меѓународниот фактор за изборот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 129

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk