• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

НОВА ТВ: Катица Јанева се заблагодари на партиите и меѓународниот фактор за изборот

септември 16, 2015
in Тикер

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева претпладнево даде свечена изјава пред Советот на јавни обвинители, кој синоќа на вонредна седница пред полноќ едногласно ја избра на функцијата, откако ја утврди претходно и собраниската комисија за избори и парламентот.

-Денеска нема да одговарам на новинарски прашања, туку сакам да му се заблагодарам на Советот за изборот, на политичките партии и меѓународниот фактор, како и на сите кои застанаа зад мене. Денеска стоев овде пред Советот, сега и седам сама, но за еден месец ќе ме видите со мојот тим зад мене и тогаш ќе ги преземеме предметите за кои сме надлежни- иајави Јанева по давањето на свечената изјава пред Советот на обвинители.

Обвинителката Јанева побара од новинарите да не и се јавуваат на телефон, бидејќи нема да одговара и да комуницира на тој начин, туку исклучиво на емаил.

Претседателот на Советот на обвинители Петар Аневски и порача на Јанева дека треба да ги оправда очекувањата на сите нив, бидејќи сега таа ќе биде главна во целата работа.

Во Советот на Јавни обвинители член е и постојниот Јавен обвинител Марко Зврлевски. 

Според законот кој вчера експресно беше усвоен од Собранието и потпишан од претседателот ѓорѓе Иванов, Катица Јанева сама треба да предложи колку нејзини заменици ќе има, од редот на постојните обвинители, кои нема да можат да издаваат налози за апсење и да потпишуваат обвиненија, туку исклучиво ќе постапуваат во име на специјалната обвинителка.

Во законот и е даден рок на обвинителката од 18 месеци во кое време ќе мора да ги заврши истрагите и да подигне обвиненија за дела кои произлегуваат од прислушуваните разговори, а доколку не го стори тоа, понатаму не ќе може да гони.

 

Извор: novatv.mk 

Посетеност: 149
Share
Previous Post

Наградените од 72. Филмски фестивал во Венеција

Next Post

Патот Битола – Ресен затворен за сообраќај, ама не се гради

Next Post

Патот Битола – Ресен затворен за сообраќај, ама не се гради

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 149

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk