Во петокот со свеченото доделување на наградите на Летната сцена во Градската тврдина во Ниш пред повеќе од 3500 љубители на филмот заврши годинешниот Фестивал на актерски остварувања на српскиот филм кој оваа година се одржа по 51 пат. Годинешната натпреварувачката програма содржеше 12 филмови кои биле реализирани во Србија во периодот од изминатиот до годинешниот август.
Годинешното жири кое ги вреднуваше исклучиво само актерските остварувања (бидејќи се работи за специјализиран фестивал само за актерски остварувања)
работаше во состав:Слобода Миќаловиќ,како председател и членовите Танасије Узуновиќ и Калина Ковачевиќ.
Наградата GRAND PRIX на 51 . Фестивал на актерски остварувања , според одлуката на жирито, му припадна на актерот ЖАРКО ЛАУШЕВИЌ за остварената улога на бездомникот Момо во филмот„ Смрдлива бајка“ на режисерот Мирослав Момчиловиќ.
По доделување на наградата Лаушевиќ одржа емотивен говор на благодарност:
„ Укажана ми е голема чест, ова го доживувам како втор грем слем.Оној првиот пред 23 години не стигнав да го примам, но Вие бевте тука, ми помогнавте тогаш да успеам во нешто, да пронајдам некоја надеж, а сега направивте да поверувам дека сум повторно жив “рече Лаушевиќ.
Инаку, Жарко Лаушевиќ , како млад талентиран актер , прв пат ја доби оваа награда уште во далечната 1993 година за улогата во филмот „Кажи зошто ме остави“. Тогаш веќе се наоѓаше на издржување на затворската казна поради убиство од небрежност.
Жарко Лаушевиќ освен оваа награда ја доби и наградата на публиката за улогата во овој филм.
Наградата „ Цар Константин“ за најдобра машка улога ја доби актерот ЛАЗАР РИСТОВСКИ за остварената улога во филмот „ Од онаа страна“ на режисерот Зринко Огреста.
„Денес секој може да биде популарен: Преку жолтиот печат, преку ријалити програмите…така што овие награди за мене , верувам и за моите колеги, имаат посебна тежина“ рече Лазар Ристовски по добивањето на наградата.
Инаку, да се потсетиме на отворањето на годинешниот фестивал на Лазар Ристовски му беше доделено престижното признание „Павле Вујисиќ“кое се доделува за исклучителен и посебен придонес во српската кинематографија.
Наградата „ Царица Теодора “ за најдобра женска улога и припадна на актерката ЈЕЛЕНА ЃОКИЌ за нејзината улога во филмот „ Смрлива бајка“ на режисерот Мирослав Момчиловиќ.
Повелба за исклучителна женска улога доби актерката МИРЈАНА КАРАНОВИЌ за улогата во филмот „ Добра жена“ инаку, како што е познато овој филм преставува нејзино режисерско деби со кое скоро на секој фестивал се закитува со по некоја награда.
Жирито на актерот ВУК КОСТИЌ му додели повелба за исклучителна машка улога која тој ја оствари во филмот „ Игра во темнината“ на режисерот Југ Радивојевиќ.
Се работи за општествено ангажиран филм, кој укажува на проблемите на трговијата со луѓе и присилната проституција.
Повелба за најдобра женска споредна улога, оваа година жиирито одлучи да и додели на актерката ТАМАРА КРЦУНОВИЌ за остварената улога во филмот „ Влажност“ на режисерот Никола Љуца.
Жирито на актерот ИГОР ДАМЈАНОВИЌ му ја додели повелбата за најдобра машка епизодна улога која тој ја оствари во филмот „ Игра во темнината “на режисерот Југ Радивојевиќ.
Оваа година наградата за најдобар дебитант ја освои актерката МАРТА БЈЕЛИЦА за нејзината прва улога на филмското платно во филмот „ Татковина“ на режисерот Олег Новковиќ.
Дирекцијата на фестивалот одлучи посебно признание да му додели на неодамна починатиот актер МИЛОРАД МАНДИЌ МАНДА . Наградата ја прими неговата сопруга. Таа на наградата се заблагодари со зборовите: „ Многу љубов има овде со што ми ја олеснавте оваа ситуација. Доаѓајќи овде сватив дека примајќи ја оваа награда, всушност од Милорад се простувам како и од колега.Беше привелегија да се работи со него и никогаш не би можела да кажам нешто наместо него, бидејќи секогаш беше подуховит од мене. Сега ќе се повлечам , ќе се поклонам на таа голема дарба во знак на почит.Вас ќе ве замолам за уште еден аплауз за МИЛОРАД МАНДИЌ МАНДА.“ рече неговата сопруга Анастасија Мандиќ.
Нововостановената награда Плакета на градот Ниш оваа година му припадна на актерот ПЕТАР БОЖОВИЌ , кој на тој начин стана почесен граѓанин на Ниш.
„ Чувај те го овој фестивал, чувај те го филмот, а ние ќе се видиме следната година. А сега и oфицијално велам: Фестивалот е завршен“ рече на крајот председателката на жирито на годинешниот фестивал ,актерката Слобода Миќаловиќ.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк