• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Лидерска средба во 13 часот

август 31, 2016
in Тикер

Лидерска средба, на која треба да се направи пресек дали има услови за одржување избори и што од договорот од 20 јули е досега спроведено, би требало да се одржи денеска  во 13 часот, дознава „Мета“ од извори од СДСМ.

– Начелно, договорено е средбата да се одржи во 13 часот – ни одговорија од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не знаат дали ќе има лидерска средба, ниту кој треба да ја закаже.

– За лидерска средба досега немаме информации, но ако нас нè прашаат, услови за избори има уште од април и тука ништо не е сменето – одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.

Политичките партии потписнички на Договорот од Пржино не ги исполнија сите рокови предвидени со договорот што го постигнаа на 20 јули, пред одржувањето на лидерската средба на која треба да се одреди датумот за одржување на предвремените парламентарни избори.

Договорот заглави кај формирањето на ад хок телото за регулација на медиумите во предизборниот период, чие комплетирање требаше да заврши пред три дена, односно на 24 август. Четворицата претставници на двете партии веќе неколку дена не можат да постигнат консензус за избор на петтиот член, кој треба да биде Албанец.

Ако на средбата лидерите утврдат дека има услови за избори, СДСМ ќе треба да го каже името на новиот главен уредник на информативната програма на МТВ.

Медиумите  шпекулираат со името на Санта Аргирова, за која се вели дека ќе биде предлогот на СДСМ, кој мора да биде прифатлив за сите партии.

„Мета“ се обиде да добие потврда за ова и од новинарката Аргирова, но засега немаме повратен одговор.

Ниту од СДСМ не ја потврдуваат оваа информација и велат дека името на уредникот ќе се знае дури откако ќе се направи пресек на договореното.

Преостанува:
• 19 август/24 август (пробиен рок) – Формирање на ад хок тело за медиуми;
• 31 август – Краен рок за лидерска средба;
• 2 септември – Опозицијата именува главен и одговорен уредник на МРТВ (доколку изборите се одржат на 11 декември);
• 2 септември – Суспендирање на измените во Законот за МВР во однос на надлежностите на министерот (доколку изборите се одржат на 11 декември).

Исполнето:
• 23 јули – Пратениците во Собранието ги изгласаа измените во Изборниот законик;
• 25 јули – ДИК го објави списокот со 39.502 спорни гласачи;
• 28 јули – Пратениците ги изгласаа измените во Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка и за Законот за Влада;
• 19 август – Заврши пријавувањето на спорните гласачи во ДИК.

Извор: www,meta.mk

Посетеност: 134
Share
Previous Post

По која основа Националниот парк „Галичица“ на велосипедистите им наплаќа патарина или такса?

Next Post

Награди на 51. Фестивал на актерски остварувања во Ниш – Србија

Next Post

Награди на 51. Фестивал на актерски остварувања во Ниш - Србија

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 134

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk