Се враќаат трките во Македонија, но дали е разрешен проблемот помеѓу федерацијата и возачите?!
Веќе сите ние љубители на автомобилите и авто спорот многу добро ја знаеме целата ситуација во нашата држава со авто трките и нивниот застој. Речиси сите сме запознати со проблемите, а и она што сите нас не боли со она што веќе подолг период не се одржуваа никакви трки на државно ниво..
Но за некоја среќа, ова година, идниот месец поточно на 6 и 7 мај ќе се одржат две ридско брзински трки на добро познатата патека на Водно. Можеби целата организација околу оваа трка поминува без некоја голема најава од организаторот, без некакви подетални информации околу тоа дали е решен проблемот помеѓу федерацијата и голем број клубови, клубови кои да не заборавиме имаат огромен број на возачи под нивна “капа” а досега не добиваа шанса за возење на овие шампионати.. Сепак ова е една релативно позитивна вест за нас и се надеваме дека оваа година конечно ќе биде разрешен проблемот и на трките ќе имаме прилика да видиме повеќе македонски возачи од последната трка на која македонски возчи се броеа само на една рака…
Програмата за овој натпревар е:
Сабота: 06.05.2017
12:00 – Прв тренинг
14:00 – Втор тренинг
Недела: 07.05.2017
11:30 – Свечено отварање на евентот
12:00 – Прво возење ( трка )
14:00 – Второ возење ( трка )
17:00 – Прогласување