• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Најдобрите 10 во 2015 година

декември 19, 2015
in Филмољубие

Како што веќе е вообичено кон крајот на секоја година се прават листи на најдобрите, најпрофитабилните, најлошите филмови во текот на годината, што полека заминува во вечноста. Такаречи не постои некој познат филмски портал или списание , кое повикувајќи се на познати критичарски имиња од светот на филмот  и резултатите од заработката на кино благајните, да не направи своја листа на најдобрите или најлошите филмови во текот на годината. Правејќи преглед од сето она што е објавено во светски познатите дневни и неделни списанија се одлучивме да Ви ја презентираме листата на десетте најдобри филмови во текот на оваа 2015 година изготвена од познатиот Британски Филмски Институт. Листата е изготвена со учество на 168 познати критичарски имиња од сите страни на светот. Со тоа ,во некоја рака, е избегнат субјективизмот во составувањето на листата без разлика на тоа од каде доаѓа филмското остварување.

Меѓу филмовите се наоѓаат и остварувања кои веќе имаат номинација или освоено признание од страна на некоја асоцијација на филмски критичари но и филмови кои ретко се споменувани досега. Но, еве како изгледа оваа листа на најдобрите 10 за оваа 2015 година:

naj 1 copy

1.УБИЕЦ

Според мислењето на 38 критичари од вкупно 168 учесници во овој избор, најдобар филм за 2015 е „ Убиец “ на режисерот Хоу Хсиао- Хсиен од Тајван.Филмот своето премиерно прикажување го имаше на Канскиот филмски фестивал на 21 мај каде режисерот ја освои наградата за најдобра режија. По Кан филмот такаречи го обиколи светот учествувајќи на голем број филлмски фестивали. Така, филмот по фестивалот Во Кан беше дел од програмите и на фестивалите во :Сиднеј, Ерусалим, Нов Зеланд, Мелбурн, Хонг Конг, Торонто, Сан Себастијан, Хелсинки, Манаки во Битола, Хамбург, Атина, Њујорк, Лондон, Виена, Мар Дел Плата, Стокхолм, Торонто , Нант…Досега филмот има освоено седум меѓунариодни филмски награди и има освоено 15 номинации за награди.

Дејствието на филмот се случува во Кина во деветтиот век. Десетгодишната Ние Јинианг, ќерка на генерал, е грабната од калуѓерка која ќе ја воведе во боречките вештини, трансформирајќи ја во исклучителен убиец подготвен за елиминирање на суровите и корумпирани локални владетели. Еден ден, откако ќе има неуспех во задачата, нејзината воспитувачка ќе ја врати во земјата каде што е родена, со наредба да го убие човекот на кој му била ветена… 

naj 2 copy

КЕРОЛ

На второто место од овој избор со вкупно 35 гласа се наоѓа филмот „Керол“,британско –американска љубовна драма во режија на Тод Хејнс според сценариото на Филисе Наѓ според романот „ Цената на солта “ на Патриша Хајсмит. Главните улоги во филмот ги толкуваат Кејт Бланчет и Руни Мара. Дејствието на филмот се случува во Њујорк во 1952 година а говори за младата фотографка и нејзината љубовна врска со една повозрасна жена која поминува низ тежок развод.Филмот својата премиера ја имаше на годинешниот Кански филмски фестивал каде беше дел од натпреварувачката програма. Актерката Руни Мара за улогата во овој филм ја доби наградата за најдобра актерка.Филмот по Канскиот фестивал беше прикажан на фестивалите во Цирих, Њујорк, Лондон, Њу Орлеанс, Аделаида, Виена, Рим, Филаделфија, Чикаго, Остин, Вирџинија, Денвер, Стокхолм… Неодамна филмот доби пет номинации за престижната награда Златен Глобус во категориите за најдобар филм, најдобра женска улога, најдобра споредна женска улога, најдобра режија и најдобро адаптирани сценарио. Досега филмот има освоено 14 награди и 42 номинации за награди. Многумина го сметаат за еден од главните фаворити за наградата Оскар во повеќе категории.

naj 3 copy

ЛУДИОТ МАКС:ПАТ НА БЕСОТ

Едно од изненадувањата на овој избор секако е високото трето место за филмот на австралискиот режисер Џорџ Милер „Лудиот Макс: пат на бесот“ За овој филм гласале 33 критичари. Во филмот кој всушност преставува продолжение од триологијата за  „Лудиот Макс“ со која се прослави актерот Мел Гибсон,настапуваат Шарлиз Терон и ѕвездата во подем Том Харди.

Апокалиптична приказна  на филмот се случува во најдалечните краишта на нашата планета, во остар пустински пејзаж каде што човештвото е скршено, каде што речиси сите се борат за основните потреби за живот.

Филмот  има две номинации за предстојните награди Златен Глобус во категориите за најдобар филм драма и најдобар режисер. Освен тоа филмот досега има освоено 26 награди и 32 номинации за награди.

naj 4 copy

АРАБИСКИ НОЌИ

Со 23 гласа од страна на критичарите на четвртото место на најдобрите филмови за оваа 2015 година се најде филмот „Арабиски ноќи“ на режисерот Мигуел Гомеш кој преставува копродукција помеѓу Португалија, Франција, Германија и Швајцарија. Филмот има три дела и е снимен според познатото дело „ Иљада и една ноќ“. Филмот беше прикажан на Канскиот фестивал но и на фестивалите во Сиднеј, Минхен, Карлови Вари, Нов Зеланд, Мелбурн, Торонто, Ванкувер, Њујорк, Аделаида, Лондон Торонто, Солун, Торино, Дубаи…

naj 5 copy

ГРОБИШТА НА РАСКОШОТ

„Гробишта на раскошот“ е тајландска драма во режија на Апичаптонг Верасетакул . Заплетот се врти околу ширењето на  епидемија на болест за спиење. Епидемијата се користи како метафора за личните и тајландски општествени прашања. Тој беше прикажан премиерно на Канскиот филмски фестивал во рамките на програмата  „Извесен поглед“. Филмот е прикажан на фестивалите во Ерусалим, Мелбурн, Торонто, Хелсинки, Њујорк, Ванкувер, Лондон, Аделаида, Торино…

За овој филм ,кој се котира мошне високо на повеќе ранг листи на филмови, од критичарите добил 18 гласа.

naj 6

НЕ ДОМАШЕН ФИЛМ

Во овој избор на најдобри филмови за оваа 2015 година се најдоа и два документарни филма.Едниот е белгиско францускиот филм „ Не домашен филм“ на режисерката Шантал Акерман.Филмот преставува портрет на нејзината мајка Наталија , која побегнала од Полска во 1938 година и дошла во Брисел.Таа била една од ретките која го преживеала Аушвиц а починала такаречи веднаш по завршувањето на филмот на 86 годишна возраст во април 2014 година.Филмот се состои од разговори помеѓу мајката и ќерката кои биле направени во разни пригоди но и преку скајп.Снимањето на филмот траело неколку месеци. Биле снимени околу 40 часа материјал од кој режисерката направила филм во траење од 115 минути. Режисерката Шантел Акерман почина на 5 октомври ,2015 година во Париз. „ Монд “ објави дека се самоубила.

Филмот бил премиерно прикажан на фестивалот во Локарно во август а потоа и на фестивалот во Њујорк.

За овој филм својот глас го дале 17 критичари.

naj 7

45 ГОДИНИ

Само пред неколку дена во Берлин беа доделени годинешните награди на Европската Филмска Академија. Престижната награда ЕФА за најдобра женска улога и’ припадна на актерката Шарлота Ремплинг за улогата во филмот „ 45 години“ на режисерот Ендрју Хај. А токму овој филм со освоените 16 гласа од критиката се најде меѓу десетте најдобри филмови за 2015 година во овој избор на Британскиот Филмски Институт. Се работи за драма која говори за двајца сопружници кои на денот на прославата на 45 години од заедничкиот живот, сопругот добива неочекувано писмо чија содржина ќе им го промени животот .

Филмот беше прикажан премиерно на годинешниот филмски фестивал во Берлин каде носителите на главните улоги Шарлота Ремплинг и Том Кортни ги освоија наградите за најдобри улоги.

Филмот досега има освоено 11 награди 15 номинации за награди а е прикажан и на фестивалите во Истанбул, Шангај, Единбург, Карлови Вари, Сарајево, Торино, Берген, Атина, Цирих, Чикаго, Ваљадолид…

naj 8

СИНОТ НА САУЛ

Унгарскиот филм „ Синот на Саул“ на режисерот Ласло Немеш е еден од најнаградуваните филмови во оваа 2015 година. Досега има освоено 14 награди (колку и гласа од критиката)меѓу кои и на Канскиот филмски фестивал каде ја освои Големата награда на жирито, наградата на критиката Фипресци и наградата за најдобра режија. Освен тоа тој има и 15 номинации за награди меѓу кои и номинација за Златен Глобус во категоријата Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Филмот имаше и богат фестивалски живот кој го започна во Кан а го продолжи на фестивалите во Сарајево, Одеса, Торонто, Сан Себастијан , Битола, Хамбург, Ванкувер, Њујорк, Загреб, Чикаго…

Дејствието на филмот се одигрува во октомври 1944 година, во Аушвиц-Биркенау. Саул Ауслендер е унгарски член на Сондеркомандо – група еврејски затвореници изолирани од логорот и присилени да им помагаат на нацистите во машинеријата на масовно уништување. Додека работи во еден од крематориумите, Саул открива тело на дете за кое смета дека е неговиот син, решава да го спаси телото, и на детето му приредува достоен закоп. 

 naj 9 copy

 ЕЈМИ

 Вториот документарен филм кој се најде во овој избор на најдобрите десет за оваа 2015 година, со освоени 13 гласа од критичарите, е филмот „ Ејми“на режисерот Асиф Кападиа.Филмот досега има добиено 9 награди од кои последната пред неколку дена во Берлин кога ја доби наградата за најдобар европски документарен филм . Освен тоа тој има 14 номинации за разни награди и е прикажан на 12 тина филмски фестивали почнувајќи од Кан каде ја имаше својата светска премиера.

Филмот говори за пеачката Ејми Вајнхаус, редок талент, која беше музичар што многу брзо го сврте вниманието на светот. Чист џез изведувач во најавтентична смисла што пишуваше музика и пееше од срце вложувајќи ја својата музичка дарба за да се обиде преку тоа да ги анализира сопствените проблеми. Спојот од нејзината сурова искреност и огромниот талент резултира со едни од најуникатните и најслушаните песни во модерната ера. Постојаниот и нападен публицитет, заедно со нејзините несреќни врски, светската слава и бурното живеење доведоа до трагичен тек на нејзиниот живот. Како општество го славевме нејзиниот огромен успех, но и многу брзо ги судевме нејзините недостатоци. Талентот што на почетокот ја возвиши, потоа беше причина за нејзината пропаст.

naj 10

СКРИЕНА МАНА

Оваа листа на 10 те најдобри филмови за 2015 година кому критичарите му дадоа 12 гласа ја заклучува американскиот филм „ Скриена мана “ на познатиот режисер Пол Томас Андерсон.

Се работи за необичен оригинален трилер чиј главен јунак е детективот Лери „ Док“ Спортело кој има слабост кон дрога , кому ќе му се јави некогашната девојка  со приказна дека сопругата и момчето на нејзиниот богат љубовник  планираат негово киднапирање.

Ова е всушност прва холивудска екранизација на романот на еден од најголемите современи американски писатели Томас Пинчон во кој учествува извонредна актерска екипа предводена од Жоакин Феникс, Џош Бролин, Овен Вилсон, Риз Витерспун, Џин Мелон и Бенисио Дел Торо.

Филмот имаше две номинации за Оскар и уште 79 други номинации за награди а има освоено вкупно 14 награди.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 137
Share
Previous Post

„Мојот живот, мојот свет“ – Софија Огненова

Next Post

Светските трендови во кардиологијата успешно презентирани во Кардиолошкиот завод во Охрид

Next Post

Светските трендови во кардиологијата успешно презентирани во Кардиолошкиот завод во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 137

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk