На почетокот од секоја година филмаџиите ги објавуваат своите најголеми адути за предстојната година.
Тоа го направија и оваа година а познатиот филмски портал IMDb направи избор од 10 филмови за кои посетителите на овој портал пројавиле најголем интерес. Поголемиот дел од овие филмови своето премиерно прикажување ќе го имаат во средината или кон крајот на оваа 2016 година.Меѓу нив најголем број преставуваат филмови кои преставуваат екранизација на стриповите на Марвел и филмови кои се продолженија на веќе успешни приказни. Но, еве ги најочекуваните 10.
ЗУЛАНДЕР 2
Продолжението на комедија „ Зуландер “ доаѓа по цели 15 години од првиот филм кој беше реализиран во 2001 година. Костурот на екипата од првиот филм е задржан и во продолжението. Така, режисер е повторно Бен Стилер кој го толува и главниот лик Дрек Зуландер а негови партнери повторно се Овен Вилсон и Вил Ферел. Овој пат актерската екипа ја сочинуваат уште и Бенедикт Камбербач, Пенелопи Круз , подзаборавената детска филмска ѕвезда Меколи Калкин,Били Зејн, како и неколку познати пеачи како Џастин Бибер, Деми Ловато, Лени Кравиц … кои се играат самите себе.
„ Зуландер 2“овој пат ги открива тајните на постанокот на вселената и мистериозниот ум, а Дерек Зуландер со своето филозовско прашање сака да ги заинтригира гледачите чиј одговор ја крие тајната на човековото постоење.
Првиот филм имал буџет од 28 милиони долари а успеа да заработи над 380 милиони долари. Како ќе помине второто продолжение останува да се види по премиерата на филмот која се очекува на почетокот од следниот месец.
КНИГА ЗА ЏУНГЛАТА
Во последните неколку години компанијата „Волт Дизни„ интензивно започна со екранизација на играни верзии на своте класици од цртаната ризница. Еден од најновите такви проекти е филмот „ Книга за џунглата „ чија цртана верзија е едно од ремек делата на компанијата „ Волт Дизни“.
Како што е познато „ Книга за џунглата“ е дело на писателот Рудјарт Киплинг и е поделено на седум приказни, кои ги поврзува ликот на детето Могли, кое го одгледале волци во индиската џунгла. Кога волците ќе слушнат дека во близината се наоѓа тигарот Шира Кан, тие одлучуваат да го испратат Могли во локалното човечко племе.
Својата прва екранизација , оваа најпопуларна приказна за слободата и преживувањето , ја имаше во далечна та 1967 година како 19 филм од продукцијата на студиото за цртани филмови на Волт Дизни.По ова уследија неколку адаптации и екранизации, но се чини дека повторното читање на „ Книга за џунглата“е потребно на секоја нова генерација па дури ако се работи и за еден холивудски блокбастер.
Новата екранизација е под режисерската палка на Џон Фавро ,познат како режисер на филмскиот серијал за супер јунакот Ајрон Мен.
Гласовите на главните јунаци им ги позајмуваат:Скарлет Јохансон,Нил Сети, Идрис Елба, Бил Мареј,Бен Кингсли, Ѓанкарло Еспозито, Кристифор Волкен, Лупита Нијонго, Сафрон Баровс и други.
Филмот во кино салите треба да пристигне на 15 .април.
ИСТЕРУВАЧИ НА ДУХОВИ
Повозрасните љубители на филмот сигурно се сеќаваат на мошне оригиналната научно фантастична комедија „ Истерувачи на духови “ која постигна извонреден успех а актерите кои настапија во неа станаа вистински ѕвезди. Филмот, да се потсетиме , го режираше Иван Рајтмен а главните улоги ги толкуваа Бил Мареј,Ден Ејкројд, Херолд Ремис и Сигурни Вивер. Пет години подоцна во 1989 година истата екипа го реализираше и продолжението именувано како „ Истерувачи на духови “ 2. Долги години потоа неколкуптаи се правеа обиди да се направи и трето продолжение на овој филмски хит , но безуспешно. Се чини дека идејата за трето продожение пропадна по смртта на актеро Херолд Ремис кој почина во февруари 2014 година. Но, како во Холивуд важи непишаното правило „ Никогаш не речи никогаш“ , остатокот од актерската екипа со учество на нови актери и нов режисер направија нова верзија на филмот „ Истерувач на духови“ кој премиерно треба да биде прикажан во средината на оваа година , поточно на 15 . јули. Овој пат режисер на филмот е Пол Фиг а покрај старите Бил Мареј, Ден Ејкројд и Сигурни Вивер во филмот ќе ги видиме и Мелиса Мекарти, Крис Хемсфорт, Елизабет Перкинс, Енди Гарсија , Кристен Виг и многу други.
Интересно е дека нема детали околу приказната на филмот, но се шушка дека тоа би можело да биде женска верзија на овој блокбастер.
ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТА: ПРЕПОРОД
Точно две децении по големиот успех што го постигна научно фантастичниот филм „Ден на независноста “ кој за тогашни прилики имаше фантастичен буџет од 75 милиони долари но и фантастична заработка од 817 милиони долари во светски рамки, добива свое продолжение кое го режира истиот режисер Роналд Емерих. Во првиот филм земјата беше нападната од вонземјани но иако со големи губитоци таа беше одбранета. Арно ама еве, по две децении, таа е повторно цел на нов напад. И нормално се поставува прашањето дали формираната одбрана ќе биде способна да се спротистави на овој напад, особено што во одбраната го нема храбриот капетан Стивен Хилер , односно актерот Вил Смит кој го нема во продолжението на филмот, и според сценаристите на филмот тој во меѓувреме погинал на еден од своите пробни летови. Но , затоа тука е председателот Томас Витмор ,односно актерот Бил Пулман , кој и по 20 години е председател на САД и кој сигурно и понатака е храбар и одлучен како и пред 20 години да ја спаси Америка и се разбира целиот свет од лошите вонземјани.Нему овој пат сесрдно ќе му помогнат новите ликови кои ги толкуваат Лиам Хемсфорт, Џоел Кинг, Шарлота Гинсбург, Вивика фокс, Села Ворд , Бренд Спинери многу други.Се разбира тука е и Џеф Голдблум кој ја повторува својата улога на Дејвид Левинсон од пред 20 години. Режисерот Роналд Емерих одсекогаш бил познат по тоа што е голем „ трошаџија“ .Тој тоа го потврдува и со овој филм чиј продукциски буџет изнесува „ само“ 200 милиони долари.
Како ќе помине на кино благајните ќе видиме по 24 јуни кога е закажана премиерата на овој филм.
ВОРКРАФТ: ПОЧЕТОК
Некаде на почетокот од ова лето, на 10. јуни. своја премиера треба да доживее научно фантастичнта авантура „ Воркрафт: почеток“ кој преставува екранизација на една од најпопуларните видео игри.
Филмот говори за првата средба помеѓу луѓето и орковите и генезата на нивните судири.Гледачите во филмот ќе имаат можност да се запознаат со главните ликови како што се Дуротан и Лотхар.
Филмот како режисер го потпишува Данкан Џонс кој учествува л во пишувањето на сценариото. Инаку тој е познат по прекрасниот филм „ Месечина “ од 2009 година. Главните улоги во филмот ги толкуваат Тревис Фимел, Бен Фостер, Роберт Казински, Пола Патон, Доминик Купер и други.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк