• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, мај 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Најпопуларни филмски двојки (2)

април 19, 2016
in Филмољубие

Второто продолжение од овој серијал во кој се потсетуваме на најпопуларните филмски двојки донесува приказ на уште пет филмски двојки од повеќе земји. Меѓу нив и филмската двојка Милена Дравиќ – Љубиша Самарџиќ, некогаш мошне популарна во некогашната Југославија.

dvoj 1

ЏЕКИ ЧЕН И КРИС ТАКЕР

Поголемиот број на машките филмски двојки, барем во поново време, се за потребите на полициските приказни каде има многу пукање, акција, бркотници со коли и се разбира многу хумор.Обично се прави комбинација на црни и бели детективи, како во случајот со Гибсон и Гловер, може и комбинација на двајца црни детективи како Вил Смит и Мартин Лоренс во филмот „ Лошите момчиња“ или пак комбинација на црн актер и актер од исток , како што е онаа создадена за потребите на филмот  „Бркотница“ кој беше снимен во 1998 година а во кој настапија Џеки Чен и Крис Такер.По огромниот успех на филмот следуваше второ продолжение три години подоцна, за шест години подоцна поточно во 2007 филмот да го доживее и третото продолжение. Во овој серијал Џеки Чен го игра ликот на инспекторот Ли а неговиот црномурест партнер , Крис Такер, ликот на детективот Џејмс Картер.Ли доаѓа во Лос Анџелес во потрага по убиецот од Хонг Конг , и останува таму.

Најавено е и четврто продолжение од овој серијал. Тоа требаше да биде реализирано уште во изминатата 2015 година но тоа не се случи. И понатака останува отворена опцијата за неговата реализација. Во меѓувреме овие денови на телевизиските екрани во САД започна да се емитува телевизиска серија со ист наслов која е инспирирана од филмот па дури и го има истиот наслов. Но, за разлика од филмот ,во серијата детективот од Лос Анџелес оди кај својот колега во Хонг Конг.

Инаку, Џеки Чен и понатака оди од филм во филм реализирајќи по три до четири филма годишно, додека неговиот колега Такер такаречи нема снимено ниту еден филм по оној од 2007 ,освен две три епизодни улоги.

dvojka 2 copy copy copy

ЏЕК ЛЕМОН И ВОЛТЕР МАТАУ

Една од најдолговечните филмски двојки чија соработка траеше над 30 години е секако онаа на актерите Џек Лемон и Волтер Матау , двајца извонредни актери кои дури десет пати играа заедно на филмското платно.

За првпат заедно настапија во 1966 година кога и двајцата зад себе имаа веќе успешна кариера. Беше тоа филмот „ Колаче на судбината“, две години подоцна ќе го реализираат филмот „ Чудна двојка“кој во 1998 година ќе доживее продолжение и ќе биде тоа нивниот последен заеднички проект, бидејќи Волтер Матау ќе почине на 1.јули. 2000 година а неговиот колега Џек Лемон ,такаречи, една година подоцна на 27.јуни. 2001 година.

Еден од нивните најуспешни филмови секако е комедијата „ Намќорести старци“ од 1993 година , кој доживеа и продолжение во 1995 година. Сепак, еден од нивните најдобри филмови е „ Насловна страна “од 1974 година . Колкаво беше нивното пријателство и приврзаност говори и податокот дека во единствениот режисерски потфат на Џек Лемон – „ Коч“, главната улога ја толкува токму Волтер Матау.

И обајцата беа актери кои зад себе оставија огромен филмски опус по кој ќе се паметат како што ќе се паметат и нивните 10 заеднички филмови.

dvojak 3

БАД СПЕНСЕР И ТЕРЕНС ХИЛ

Познати филмски двојки има и во европскиот филм. Една од нив е машката двојка Бад Спенсер и Теренс Хил. Зад овие американски имиња се кријат италјанските актери Карло Педерсон и Марио Ѓироти кои станаа Бад Спенсер и Теренс Хил за да можат да се пробијат на странскиот пазар.

Во своите почетоци се обидувале секој посебно  – така Бад бил вреќа за удирање, а Тернс Хил скокал по Плитвичките езера во вториот дел од серијалот вестрни на германски начин „ Винету“.Ова траело се’ дотогаш додека некому не му паднало на памет да ги соедини . Ја напуштиле таканаречената сериозна кинематоградфија и се сконцентрирале на работа во акционите филмови на кои публиката одлично реагирала. Глумеле се’ што им’ паднало на памет- каубои, гусари, полицајци, измамници, гангстри, попови и што уште не. Заплетот воопшто не бил важен се’ додека во нив имало духовити шеги и масовни тепачки кои завршувале на тој начин што Бад противникот би го заспал со удар по главата. Сето тоа траело до 80 тите години , кога секој од нив тргнал по својот пат.

Што се случило понатака?Теренс Хил такаречи веднаш исчезнал од филмското платно, настапувајќи само уште во неколку филмови меѓу кои и во „ Создавач на незгоди“ од 1994 година во кој за последен пат се здружил со Бад Спенсер.Кариерата ја продолжил на телевизијата и тоа мошне успешно . Една од неговите последни улоги е во тв серија „ Дон Матео“која последната сезона ја има во оваа 2016 година.

Што се однесува до Спенсер, тој најпрвин работел во италјанската телевизија каде го снимил серијалот филмови„ Професоре“ а потоа следувал серијалот „ Екстра долго“. Во овие два серијали снимил околу 20 тина филмови.

И покрај тоа што денес има 87 години тој и понатака е активен настапувајќи на телевизијата но и во по некој филмски проект.

dvojka 4 copy

СОФИЈА ЛОРЕН И МАРЧЕЛО МАСТРОЈАНИ

Уште една актерска двојка од Италија остави силен печат во историјата на филмот. Се работи за Софија Лорен и Марчело Мастројани кои настапија заедно во десетина филмови од кои некои станаа вистистински класици на седмата уметност. Повозрасните љубители на филмот сигурно се сеќаваат на нивниот заеднички филм  „Брак на италјански начин“ од 1964 година кој како режисер го потпиша Виторио де Сика , оној истиот кој една година порано ги спои во филмот „ Вчера, денес , утре“ во кој Софија Лорен ја изведува сцената на стрип тиз која ќе ја повтори 30 години подоцна во филмот на Роберт Алтман „ Висока мода“.

Инаку нивната соработка започниува во 1955 година во комедијата „ Штета што е таква“ на режисерот Бласети со кого ќе го снимат и наредниот филм „ Среќа е да се биде жена“, една година подоцна.

Во 1971 тие ќе настапат во филмот на Дино Ризи„ Жената на пречесниот“а шест години подоцна и во филмот на Еторе Скола „ Исклучителен ден“.

Во секој случај беше тоа филмска двојка која на одреден начин ја одбележа италјанската кинематографија бидејќи нивната соработка траеше такаречи 40 години.

По заминувањето на Мастројани во 1996 година Софија Лорен сними уште неколку филмови од кои последниот во 2010 година. Денес таа има 78 години.

dvojka 5 copy copy

ЉУБИША САМАРЏИЌ И МИЛЕНА ДРАВИЌ

Правејќи еден ваков избор неправедно би било да не се спомене една филмска двојка од некогашните Ју простори, Љубиша Самарџиќ и Милена Дравиќ, кои на филмското платно настапија заедно во повеќе од 20 филмови. Нивната соработка започнала во филмот на Бранко Бауер „ Прекубројна“ во 1962 година. , каде Самарџиќ го игра ликот на Михајло а Милена ликот на Малена.И обајцата доаѓаат на работна акција – таа како прекубројна . Таму ќе ги стекнат првите животни искуства по што ќе се вратат назад , тој како возач на трактор а таа како бригадирка која го освојува неговото искрено срце.

Нивната соработка продолжува со настапот во филмовите на тогашниот нејзин сопруг Пуриша Ѓорѓевиќ  „ Девојка“ , „ Утро“  и „ Пладне“, потоа во воените филмови „ Козара“, „ Битката на Неретва“ и „ Сутјеска“.Се памети и нивната игра во филмот на Обрад Глушчевиќ„ Лито Виловито“ во 1964 година но и серијалот комедии „ Љубовниот живот на Будимир Трајковиќ“, „ Работа на одредено време“, „ Развод на одредено време“ и многу други. Нивната предпоследна соработка беше во комедијата „ Полицаецот од Петлово брдо“ која подоцна прерасна во тв серија.За последен пат соработуваа во филмот „ Ледина“во 2003 година но не како партнери туку како соработници, таа во улогата на Зорица а тој како режисер.

Во меѓувреме тој заплива во режисерските води кога во 1999 година го сними филмот . „Небеска јадица“. Следуваа : „ Наташа“ , „ Ледина“, „Есента стигнува дуњо моја“,„Коњи врани“,„Мирис на дождот на Балканот“…

Од друга страна Милена Дравиќ иако е длабоко во осмата деценија од својот живот беше активна и на филмското платно и на тв екрани. Но, по смртта на нејзиниот сопруг Драган Николиќ со кого беше во брак  цели 45 години и со кого беше мошне емотивно поврзана , тешко е да се рече како ќе се одвива нејзината понатамошна кариера во која оствари над 150 филмски и тв улоги.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 84
Share
Previous Post

Проектот „Денови на детски филм“ наскоро и во Охрид

Next Post

Како да се унапреди социјалниот систем во Македонија?

Next Post

Како да се унапреди социјалниот систем во Македонија?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 84

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk