Кане Танака, жителка на Фукуоки, според евиденцијата на Гинисовата книга на рекорди е најстарата жива личност на светот која наполни 118 години.
Јапонката е родена на 2 јануари 1903 година. Сега живее во домот за стари лица во Фукуоки, на западот од Јапонија.
На својот 118-ти роденден изрази надеж дека ќе доживее 120 години. Кане редовно вежба, не ги прескокнува дневните оброци, а за време на пандемијата не се среќава ниту со членовите на нејзината фамилија.
Публицитет.мк