Доколку се‘ уште не сте одлучиле каде ќе го минете летниот одмор, ви нудиме избор од 10 популарни дестинации во Европа. Со приморски брег во должина од 10.000 километри, европскиот континент нуди по нешто за сечиј вкус.
Алгарве, Португалија
Прекрасни карпести предели, златен песок и магични заливи – Алгарве е најпопуларната туристичка дестинација во Португалија. Регионот нуди многу сонце низ целата година. Плажата Кастело во близина на Албуфеира е идеална за нуркање.