Mанифестацијата Бадникова поворка во Охрид годинава поради пандемијата нема да се одржи, но децата можат да земат учество со напишани пораки и желби до болните и вработените во болниците.
Пораките можат да се остават во сандачето пред пештерата, а организаторите ќе ги достават до градската Општа болница заедно со пакетчиња од овошје како поддршка кон болните и вработените.
Инаку, прекрасната пештера и годинава е поставена на Градскиот плоштад во Охрид каде ја надополнува прекрасната празнична атмосфера.
Публицитет.мк