Американската вселенска агенција НАСА денес најави дека се подготвува да претстави „големо научно откритие“ на голема прес конференција закажана за понеделник во Вашингтон, пишуваБизнис инсајдер.
НАСА ја објави листата на учесници и соопшти дека дел од конференцијата, наречена „Решена мистеријата на Марс“ (Mars Mystery Solved), ќе биде посветен на кратки прашања преку хаштагот #AskNASA (прашајте ја НАСА).
Врз основа на неколку имиња на научници од листата, новинарите сметаат дека НАСА би можела да соопшти дека на Марс открила вода, а каде има вода – има и можност за создавање жив свет.
Конференцијата,која ќе биде одржана во понеделник 28 септември во 11:30 часот по локално време, ќе биде пренесувана во живо, преку телевизијата на НАСА и интернет страницата на агенцијата.
Извор: mkd.mk