Со осум планети, пет џуџести планети, најмалку 146 месечини, повеќе од половина милион познати астероиди и околу 4.000 комети, Сончевиот систем е понатрупан отколку што се мисли. Ајде придружете ни се на нашето вселенско патување. И не заборавајте да го вклучите звукот
Нашиот Сончев систем е стар четири и пол милијарди години. Науката постепено добива увид во неговото бескрајно пространство. Вселенското летало „Њу хорајзонс“ на НАСА неодамна го посети Плутон. За прв пат од неговото откривање пред 85 години, човештвото сега знае како изгледа планетата. Ова патување низ Сончевиот систем ќе ве однесе до Плутон и подалеку.Нашето патување започнува на Сонцето, кое сочинува 99,8 отсто од масата на нашиот Сончев систем. Гравитациската сила на Сонцето овозможила да се формираат планетите, вклучувајќи ја и Земјата.Според стандардите на Млечниот Пат, Сонцето е совршено нормална, просечна ѕвезда. Со температури на површината од околу 5.000 Целзиусови степени и до 15 милиони Целзиусови степени во неговото јадро, Сонцето ја извлекува својата енергија од процесот на нуклеарна фузија. Водородните атоми се топат во хелиум, разгорувајќи го сончевиот оган. Добрата вест е дека тоа ќе продолжи уште пет до шест милијарди години. Лошата вест е дека на крајот од тој период, Сонцето би можело да се прошири до таму што ќе ја проголта Земјата.Од најжешкото место во Сончевиот систем, ние сега одиме во малку постудени сфери. Првата станица е планета на екстреми.Со температури кои се движат од минус 180 до плус 430 Целзиусови степени, Меркур има најголеми температурни флуктуации од сите планети, како резултат на нејзината близина до Сонцето. Страната што е свртена кон Сонцето се загрева додека другата страна се разладува. Дали ги донесовте вашите долги вецеа? Тие сега би можеле добро да се најдат.Површината на Меркур, со своите бројни кратери, наликува на површината на Месечината на Земјата. Во кратерите на половите од планетата има тони замрзната вода. Со оглед на нејзината близина до Сонцето, Меркур бележи релативно мал број посети од вселенски летала до денес. Во 1974 и 1975 година, американското летало „Маринер 10“ помина покрај Меркур три пати и еднаш дури се приближи 320 км од нејзината површина. Во март 2011 година, „Месинџер“ стана првото вселенско летало во орбитата на планетата. Потоа, во април 2015 година беше намерно урнато на Меркур.Од Меркур, продолжуваме кон нашиот вселенски сосед, вистинска убавина, но полна со удари.Веднаш до Месечината, Венера е најсветлиот објект на небото на Земјата ноќе. Што се однесува до големината, Венера е прилично слична на Земјата. Освен тоа, тие имаат малку заеднички нешта – всушност, ова место е спротивно на пријатно.Густата атмосфера на планетата не би била многу забавна за луѓето. Се состои од 96 отсто јаглероден диоксид, а притисокот на воздухот е 90 пати повисок од површината на Земјата. Ако се надевавте дека удобно ќе патувате тука, се надеваме дека понесовте кесон. Вашата опрема, исто така, треба да биде доволно добра да го издржи притисокот.Просечната температура на Венера е 462 Целзиусови степени. На тие температури, металите како олово се претвораат во течност. Сулфурните кисели дождови и вулканската активност, исто така, придонесуваат Венера да биде прилично непријатно место.Американското вселенско летало „Маринер 2“ го заврши првото успешно пролетување покрај Венера во декември 1962 година, на висина од 35.000 метри. Советите го остварија првото цврсто приземјување со „Венера 2“ во март 1966 година, но тоа не можеше да собере и да испрати податоци назад на Земјата. „Венера 7“ го постигна тоа во август 1970 година, за импресивни 23 минути. Не заборавајте дека тука е жешко, па можеби е добра идеја да држите растојание од Венера. Од април 2006 година, европското летало „Венера експрес“ пренесува податоци од својата орбита околу планетата.Пред да одиме од Земјата до следната планета, ајде малку да скршнеме до нашиот сосед.Досега, Месечината е единственото небеско тело во вселената на кое слетале луѓе. Се разбира, тоа е, исто така, она што најмногу го познаваме, со оглед на неговата видливост на небото ноќе. Иако некои од кратерите на површината можат да се видат со голо око, најголемиот, на јужниот пол на Месечината, не е видлив од Земјата.Првото вселенско летало кое поминало покрај Месечината е „Луник 1“ на Советскиот Сојуз, во јануари 1959 година. Неговиот наследник, „Луник 2“, слета истата година, но тоа беше цврсто приземјување. Советите го направија првото меко слетување со леталото „Луна 9“ во февруари 1966 година.Повеќе од три години подоцна, во јули 1969 година, двајца луѓе слетаа на Месечината, за прв пат, како дел од мисијата „Аполо 11“ на НАСА. Вкупно 12 луѓе – сите мажи, и сите Американци – стапнаа на Месечината. Но, тоа се случи пред повеќе од 40 години. Јохан-Дитрих Вернер, раководител на Европската вселенска агенција (ЕСА), сега води кампања за меѓународна база на Месечината со екипаж. Да видиме каде води тоа.„Не кажувајте дека човекот не припаѓа таму. Човекот припаѓа секаде каде што сака да оди – и тој ќе направи многу добри нешта кога ќе стигне таму.“ (Вернер фон Браун, познатиот германско-американски вселенски инженер кој го дизајнираше возилото за лансирање „Сатурн В“, кое го придвижи вселенското летало „Аполо“ на Месечината.)Подобро истресете ја таа прашина! Најблиското хемиско чистење е многу, многу далеку. На пат кон Марс, нашиот лет поминува покрај т.н. Аполо астероиди, од кои повеќе од 7.000 се познати. Некои од нив би можеле да ја минат орбитата на Земјата, но во моментов нема индикации дека претстои судир. Ајде да продолжиме. Нема што да се види тука.Т.н. атонски астероиди, од кои повеќе од 900 се познати, можат да се најдат на пат кон Земјата. Во принцип, некои од нив дури можат да ја минат Земјината орбита и претставуваат закана за планетата. Но, засега нема докази дека некој специфичен астероид ќе удри во Земјата во скоро време.Најпрепознатливата карактеристика на Земјата од вселената е сината боја. Океаните покриваат околу 70 отсто од нејзината површина. Со просечна длабочина од 3.500 метри, многу делови од океаните остануваат неистражени како што е и вселената.Кога станува збор за површината за слетување, луѓето, секако, темелно ја познаваат нивната матична планета. Ова се однесува на 7,2 милијарди луѓе кои го истражуваат својот свет на терен секој ден, три до шест жители на Меѓународната вселенска станица и безброј сателити за набљудување на Земјата, кои постојано ги следат сите знаци на живот.
Извор: Утрински весник