Бил Гејтс, бизнисмен и оосновач на компанијата „Микрософт“ е најбогатиот Американец. Тој одржа говор во средно училиште и на средношколците им укажа на 11 работи кои никогаш нема да ги научат во училиште:
Правило1: Животот не е фер, навикни се на тоа.
Правило2: На светот не му е грижа за твојата самопочит. Светот ќе те прифати ако постигнеш нешто пред да почнеш да се чувствуваш добро во сопствената кожа.
Правило3: Нема за заработуваш 60 000 долари годишно веднаш штом ќе завршиш средно. Нема да бидеш претседател со службен телефон, се додека не заработиш.
Правило 4: Ако мислиш дека професорот е строг, чекај додека да почнеш да работиш и го запознаеш шефот.
Правило 5: Правењето хамбургери не треба да ти биде понижувачки. Твоите претци за тоа имале друг збор „можност“.
Правило 6: Ако згрешиш не ти се родителите виновни, не се жали заради сопствените грешки, туку учи од нив.
Правило 7: Пред твоето раѓање, твоите родители не биле здодевни како сега. Станале такви поради плаќањето на сметките за тебе, перењето на твојата облека и зборувањето колку си ти „супер“. Зошто не се обидеш прво да ги средиш алиштата во твојата соба?
Правило 8: Твоето училиште има начини како да се справи и со победниците и со губитниците. Некои училишта ги укинаа негативните оценки и даваат безброј можности за секој ученик да стигне до вистинскиот одговор, но тоа нема никаква сличност со вистинскиот живот.
Правило 9: Животот не е поделен во семестри. Нема слободно лето и малкумина се без работа и се заинтересирани да ти помогнат да се пронајдеш себе си. Направи го тоа во слободното време.
Правило 10: Животот не е како на телевизија. Во вистинскиот живот луѓето мораат да го напуштат кафулето и да заминат на работа.
Правило 11: Биди љубезен кон бубалиците: Голема е можноста еден ден да работиш за еден од нив.
Извор: Факултети.мк