НАШЛЕ НАЦИСТИЧКИ ВОЗ СО ЗЛАТО
ПОЛСКА (АП) – Двајца мажи во Полска тврдат дека нашле нацистички воз полн со злато, скапоцени камења и вредни уметнички дела што според локалните кажувања исчезнал кон крајот на Втората светска војна додека Германците бегале од напредувањето на советските сили.
Марика Токарска, јавна службеничка во Валбжиш, каде наводно бил најден возот, рече дека службите добиле писма од правна фирма што ги застапува двајцата мажи, Полјак и Германец кои сакаат да останат анонимни, во кои стои дека бараат награда од 10 отсто за откривање на локацијата на возот.
Токарска рече дека службите многу сериозно го разгледуваат тврдењето и дека свикале состанок на противпожарната служба, полицијата и други служби за да се најде начин како безбедно да се постапи ако го лоцираат возот. Таа рече дека е можно да има поставено експлозиви околу возот.
Се верува дека возот исчезнал во мај, 1945 година. Легендата вели дека возот бил вооружен и наполнет со богатство и исчезнал откако влегол во комплекс тунели под Був Планина, таен проект познат како “Џин”, што Нацистите никогаш не го завршиле. Во тој период, оваа област припаѓала на Германија, но сега е дел од Полска.
Извор:vest.mk
Фото: Telegraph.co.uk