Во издание на ЕДУКА МАК, излезе од печат нова илустрирана книга со приказни за деца со наслов „НАСМЕВКА ЗА ПЕТКА“ од д-р Кристина Стојаноска Алоска.
Во неа, низ раскази и илустрации е доловен едукативниот елемент на делото кое е наменето пред се за децата. Преку ликовите на Јан и Ина, децата се поистоветуваат со главните „јунаци“ и се воспитуваат за здравјето на забите.
Пораката која во себе ја носат расказите всушност е насочена кон превенција од појава на несакани последици по здравјето на забите и создавање здрави навики кај секое дете.
Авторката Стојаноска Алоска вели: -Нејзиното Височество КНИГАТА, во детството ја сметав за мој најдобар другар. Денес сум и среќна и горда што мојата книга ќе им биде другар на многу дечиња и ќе биде украс во книжарниците ширум Македонија! Една и единствена од ваков вид!
Илустирраната книга за деца „Насмевка за петка“ од авторот – стоматолог д-р Кристина Стојаноска Алоска официјалната промоција ќе ја има во април на Саемот на книгата во Скопје.
Публицитет.мк