Автомобилизмот во 2015-та година..
Во пресрет на наближувањето на новата година како и на новогодишните и божиќните празници се одлучивме да направиме една ретроспектива и да се навратиме на настаните кои според нас ја одбележаа веќе старата 2015-та година..
3. Новитети во автомобилизмот
Неизбежно е дека во 2015-тата година се претставија голем број на иновативни, интересни и возбудливи новини од авто индустријата. Но како најинтересни би ги издвоиле официјалното претставување на новата генерација на Honda Civic Type R која за првпат содржи и турбо полнач, враќањето на легендарниот модел Fiat Tipo, претставувањето на првиот електричен теренец – Tesla Model X, објавувањето на Dieselgate скандалот на Volkswagen, финалниот резултат за новата Honda NSX, неочекуваното претставување на новиот Ford GT, како и замената на екстремниот Veyron – Bugatti Chiron.
2. Македонски автомобилизам
Оваа година беше поприлично интересна и возбудлива и за македонскиот автомобилизам. Поточно се одржаа голем број на прекрасни настани организирани од македонските авто-клубови, започнувајќи со Ford Club Macedonia, Fiat CM, Peugeot&Citroen CM, Honda CM, Mercedes CM и уште многу други..
Но покрај овие настани, оваа година нашиот најдобар авто пилот –Игор Стефановски Иџе ја освои неговата втора европска титула во шампионатот на ридско брзински трки, но и се одржаа меѓу-клубските кружни трки во Кичево.
1. Rpm.mk
2015-та година и за нас беше прилично возбудлива. Во оваа година започнавме со официјално тестирање на автомобили, но покрај нови модели тестираме и половни автомобили. Исто така започнавме и со запознавање со македонските возачи – млади и талентирани возачи во кои вреди да се инвестира, за прв пат одржавме едукативен час, но и ви ги претставивме семејните наследства на Дарио Бурагев(VW Golf Cabrio), семејството Молкоски(Mini Moris) како и првиот македонски електричен автомобил – Eco Cinquecento.
Но неизмерно сме горди на нашиот прв роденденски собир на кој се обединија сите македонски авто клубови со присуство од околу 200 автомобили и мотори.
Ви благодариме за досегашната подршка, ви посакуваме среќна и успешна нова 2016-та година и ви најавуваме поинтересна и повозбудлива година.. Возете внимателно!
Извор: rpm.mk