Денешниве тинејџери…навистина се откачени. Се облекуваат поинаку, музиката што ја слушаат е поинаква, мрзливи се и разгалени. Но што е тоа што ги прави овакви, науката има одговор.
Зошто се облекуваат поинаку?
Тинејџерите се бараат себеси и најчесто сакаат да се оттргнат од своите родители. Како знак на протест, тие ќе најдат уникатен стил, имиџ што ќе го фураат за инает на нивните родители и да ја покажат својата индивидуалност.
Зошто се себични?
Тинејџери се повеќе себични од возрасните. Во една студија се ставени на тест 19 тинејџери и 11 возрасни лица. Поставувани им се прашања поврзани со донесување на одлуки. Овој тест покажа дека тинејџерите ги обработуваат прашањата во сосема различен дел од мозокот од полнолетните лица.
Возрасните го користат префронталниот кортекс за овој вид на работа, кој вклучува предвидување на резултатите и обработка, како и одлуките кои ќе влијаат на другите, додека тинејџерите користат супериорен темпорален сулкус, дел од мозокот кој се занимава исклучиво во визуелизација на однесувањето.
Се смета дека ова се случува бидејќи повеќе комплексни области на мозокот се уште се развиваат кај тинејџерите.
Врски
Нивните љубовни врски се полни со драма. Кога тинејџер ќе ви каже дека е „лудо заљубен“, тој веројатно ја кажува вистината.
Зошто се опседнати со работи?
Зошто тинејџерите се фокусирани на одредена група/спорт/глумец, речиси до точка на лудило? Идолопоклонство во адолесценцијата е сосема нормален дел од процесот на тинејџерите да се дистанцираат од своите родители.
Младите имаат богата фантазија во кои логиката, реалноста и причината не се карактеристични. Тие имаат голема желба за независност, при што се дистанцираат од своите родители и бараат нов водич или авторитет да го следат.
Зошто се мрзливи?
Природниот деноноќен ритам се менува како што старееме. Овие поместувања се во корелација со хормоналните промени, кои се зголемуваат во адолесценцијата. На просечен тинејџер му е потребно околу девет часа сон, што е повеќе од возрасни лица.
Извор: www.blabla.mk