• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, септември 17, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Не дозволуваат егото да завладее со нив: Работи кои зрелите личности не ги прават

ноември 10, 2015
in Uncategorized

Зрелите луѓе знаат како правилно да се однесуваат во дадена ситуација, тие знаат да ги проценат можностите кои ги имаат на располагање и да преминат преку туѓото неприфатливо однесување.

Зрелите луѓе не се несигурни во себе и имаат доверба во својот партнер, немаат преголеми очекувања од љубовта и секогаш се поддршка за саканите.

10 работи кои не ги прават зрелите луѓе:

1. Не дозволуваат стравот да ги контролира

Едноставно кажано, зрелите луѓе не дозволуваат стравот да одреди што ќе прават, а што не. Не дозволуваат стравот да стои меѓу нив и тоа што го посакуваат. Знаат дека успехот зависи од нив, а не од стравот.


2. Не прават работи за да ги задоволат другите

Знаат дека е добра работа да се обидете да ги направите луѓето околу вас среќни, но знаат дека таа среќа треба да дојде однатре. Преземаат акција да стават насмевка на лицата на другите, но не по цена на своите потреби, желби и соништа.


3. Не ја идеализираат романтичната љубов

Љубовта доаѓа во многу различни форми, а зрелите луѓе се комплетно свесни за тоа. Можеби фантазирале некогаш за некој боемски романтичен флерт, но знаат дека љубовта не се сведува само на соништа и фантазии.


4. Имаат доверба во партнерите

Зрелите луѓе не очекуваат дека партнерите ќе се согласуваат со сите нивни идеи, мисли и однесувања и никогаш не ги ставаат љубомората и недовербата на прво место. Тие се секогаш поддршка за својот партнер.


5. Не ги држи лутината

Лутината е како отров од кој очекувате другата личност да се отруе, но така не постигнувате ништо. Зрелите луѓе држат отворена врата и можност за подобрување на односот, дури и со оние луѓе со кои не се согласуваат.


6. Не се несигурни за својот изглед

Зрелите луѓе не се грижат како изгледаат, знаат да се покажат во најдобро светло, но не се опседнуваат со своите брчки, облеката која ја носат или тежината.


7. Семејството е важно

Постои период од животот на секој млад човек кога сака да се осамостои и приородно бара повеќе време без своите родители и блиските, но реалноста е дека семејството е важно. Зрелите луѓе знаат дека нивната сила потекнува од силата на семејството и длабокиот однос кој го градат со неговите членови.


8. Не дозволуваат да бидат злоупотребувани

Злоупотребата која често се случува на средношколските клупи, продолжува и понатаму во животот. Зрелите луѓе знаат како да се соочат со таквите ситуации, како да се постават и како да се одбранат.


9. Преземаат чекори за остварување на целите и донесуваат одлуки

Зрелите луѓе знаат да ги проценат можностите и да донесат конечна одлука без двоумење.


10. Не дозволуваат егото да завладее со нив

Знаат дека се силни, но не дозволуваат егото да завладее. Дел од нивната зрелост подразбира добро да ги познаваат своите силни и слаби страни и постојано да се обидуваат да се подобрат себеси без горделивост и суета за првите. 

Посетеност: 96
Share
Previous Post

Охрид очекува повеќе туристи од Израел

Next Post

Што гледа светот?

Next Post

Што гледа светот?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 96

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk