Во организација на амбасадата на Шпанија во Република Македонија,Министерството за култура, Кинотеката на Македонија и НУ Центар за култура „ Григор Прличев“ Охрид ,од 20јули (понеделник) до 26јули (недела) ќе биде одржана Ревија на шпански филмови.
Ќе биде тоа можност за средба со филмовите на една од најдобрите европски кинематографии чии филмови,режисери, актери, сценаристи се врв и во светски рамки. За тоа најдобро говорат успесите на шпанската кинематографија што таа ги постигнува на најпознатите филмски фестивали во Европа, но и ширум светот. Шпанската кинематографија може да се пофали со четири освоени оскари во категоријата најдобар странски филм и со дури 19 номинации за оскар во оваа категорија.
Ревијата содржи седум филмови од поновата продукција на шпанската кинематографија со различни жанрови. Меѓу нив има и неколку филмови кои се добитници на повеќе национални, но и меѓународни награди.
Еве го распоредот на прикажување:
ПОНЕДЕЛНИК,20 јули,почеток 19.00часот
МЕТОД,трилер ,филм од 2005 година,во режија на Марсело Пињеиро.Филмот е темелен врз играта „Метод Гронхолм“ од Жорди Галцеран.
Дејствието на филмот се одигрува за време на Самитот на ММФ и Светската Банка и протестите кои го вознемируваат Мадрид, како и други главни градови.Големата компанија Декиа прави разговори за вработување на извршен директор . Во игра се седум кандидати.Сомнежите се раѓаат кога кандидатите мораат да потпишат клаузула за прифаќање на Гронхолм методот, за кој никој нема слушнато.Набрзо тие ќе дознаат дека тестовите всушност преставуваат валкани игри со мозокот,но не знаат со сигурност што е вистина а што е лага.Меѓу нив има и “крт“ од Човечки ресурси…
Главните улоги во филмот ги толкуваат:Пабло Ечари,Ернесто Алтерио,Едуард Фернандез,Најва Нимри,Кармело Гомез …
Филмот имал пет номинации за националната филмска награда Гоја, а освоил две награди:за најдобро сценарио и најдобра споредна машка улога за актерот Кармело Гомез.Филмот победил на фестивалот во Фландрија а бил во номинација за награда и на фестивалот во Мар Дел Плата.Премиерата ја имал на познатиот филмски фестивал во Торонто во 2005 година
ВТОРНИК,21 јули,почеток во 21 часот
КУЧЕТО НА ГРАДИНАРОТ,романтична костимирана комедија од 1996 година, во режија на Пилар Миро.Филмот е работен според делото на Лопе Де Вега од 1618 година.
Главна хероина во филмот е грофицата Дијана од Белфлор. Таа е остроумна,импулсивна и паметна девојка која е вљубена во својот секретар ,Теодоро,но дознава дека тој е веќе свршен со Марсела.Дијана,водена од љубов и љубомора ,ќе стори се`љубовниците да ги раздели…
Улогите во филмот ги толкуваат:Ема Суарез, Кармело Гомез и Ана Дуато.
Филмот во 1997 година имал дури 12 номинации за наградата Гоја а освоил 7 награди меѓу кои и за најдобра режија за Пилар Миро и најдобра женска улога за Ема Суарез. Освен тоа филмот бил прогласен за најдобар на филмскиот фестивал во Мар Дел Плата во 1996 година.
СРЕДА,22 јули,почеток во 21 часот
ЕДЕН ПИШТОЛ ВО СЕКОЈА РАКА,романтична комедија од 2012 година во режија на Сеск Гај.
Дејствието во оваа романтична комедија со драмски елементи се врти околу осум мажи,кои се наоѓаат во своите четирисети години од животот и кои се наоѓаат во криза на идентитетот.
Во главните улоги настапуваат познатите актери Рикардо Дарин,Хавиер Камара,Едуард Фернандез,Кандела Пења , Луис Тосар и други.
Филмот е добитник на големата награда на жирито на филмскиот фестивал во Мајами во 2013 година а актерката Кандела Пења ја освои националната награда Гоја за најдобра женска споредна улога во 2013 година.
ЧЕТВРТОК,23 јули, почеток во 21 часот.
ТЕЗА,хорор трилер од 1996 година во режија на Алехандро Аманебар. Се работи за дебитантскиот филм на познатиот режисер од Чиле кој токму по овој филм стана мошне познат во меѓународни рамки.Следуваа филмовите“Другите“ со Никол Кидман во главната улога во 2001 година,потоа оскаровскиот „Животот е море“ со Хавиер Бардем во 2004 и „ Агора“ со Рејчел Вајс во 2009 година.
Филмот „ТЕЗА“ освои седум награди Гоја, меѓу кои и наградата за најдобар филм.
Шпанија е позната по своите особени хорор филмови а филмот на Аманебар е токму еден од нив.Филмот ја раскажува приказната за Ангела која додека ја работи тезата за насилство таа наидува на едно интригирачко видео во кое една девојка е измачувана до смрт.Набрзо открива дека истата девојка е поранешна студентка од нејзиниот факултет…
Улоги:Ана Торент,Феле Мартинез,Едуардо Нориега…
ПЕТОК,24 јули,почеток во 21 часот
ДЕДОТО,драма, филм од 1998 година во режија на Хосе Луис Гарси.Филмот преставува адаптација на истоимениот роман на Бенито Перез Галдос.
Во филмот главната улога извонредно ја толкува познатиот шпански актер од постарата генерација Фернандо Фернан Гомез кој за оваа улога беше награден со наградата на Шпанската Филмска Академија – Гоја во1998 година.Покрај него во филмот настапуваат уште и Рафаел Алонсо и Кајетана Гилјен.
Приказната на филмот ја следи судбината на еден старец кој по смртта на својот син, од Америка се враќа дома во Шпанија со надеж дека ќе открие која од двете негови внуки е вистинската а која е плод на вонбрачната врска на неговиот син.
САБОТА,25 јули,почеток во 21 часот
ДОДЕКА СПИЕШ,хорор трилер од 2011година во режија на Хауме Балагеро ,еден од најпознатите шпански режисери на хорор филмови .Филмот своето премиерно прикажување го имаше на Канскиот филмски фестивал во 2010 година.
Ден за ден се будите во удобноста и безбедноста на вашиот дом.Но, дали сте се запрашале колку е навистина безбедно?
Улогите во филмот ги токуваат ,секогаш добриот ,Луис Тосар, Марта Етура, Алберто Сан Хуан …
НЕДЕЛА,26 јули,почеток во 21 часот
ЌЕЛИЈА 211,акциона трилер драма од 2009 година во режија на Даниел Монзон.Филмот преставува еден од најкомерцијалните филмови во 2009 година но во исто време и еден од најнаградуваните филмови во таа година освојувајќи 30 национални и меѓународни филмски награди меѓу кои и осум награди Гоја и тоа во најважните категории за најдобар филм,најдобра режија ,најдобро адаптирано сценарио , најдобра машка улога за актерот Луис Тосар и најдобра споредна женска улога за Марта Етура.
Се работи за приказна за двајца луѓе на различни страни во затворкиот бунт-затвореникот водач на побуната и младиот чувар заробен во превирањето,кој се преправа во затвореник во очајничкиот обид да го преживее немирот.
Во филмот покрај веќе споменатите наградени актери ,настапуваат уште и Алберто Аман и Антонио Ресинес.
Свеченото отворање на овој културен настан ќе го одбележи Н.Е. Амбасадорот на Кралството Шпанија во Р. Македонија, Рамон Абароа.
На случувањето кое за прв пат годинава се одржува во Охрид ќе присуствуваат и претставници од локалната самоуправа.
Влезот за посетителите е слободен
Автор: Ѓоко Симјаноски/ Публицитет.мк