Горан Папаз и Нина Јанева остварија соработка која резултираше со темата насловена ” Never Fall In Love”.
Песната е направена во EDM стилот (Electronic Dance Music). Музиката на “Never Fall In Love” ја напишаа Александар Масевски и Горан Папаз, а пак текстот, аранжманот и продукцијата на истата се дело на Александар Масевски.
Папаз, Нина и Масевски се презадоволни од исходот на взаемната соработка и не исклучуваат и понатамошна заедничка соработка на нов проект. Оваа тема многу наскоро ќе доживее и свој видео запис.
-Се надеваме дека “Never Fall In Love” ќе ви се допадне и ќе го најде своето место во етерот и меѓу публиката, вели за Публицитет.мк , Горан Папаз.
Публицитет.мк