Во 2011 година, пензионер од Бразил во близина на својата куќа пронајде пингвин, кој морето го исфрлило на брегот.
Пингвинот бил потопен со нафта и се борел за живот. Пензионерот Жао Перира, го чувал пингвинот додека не закрепне, а потоа пробал да го врати во морето.
Меѓутоа, пингвинот не сакал да го напушти својот спасител.
Секогаш кога Жао ќе го однесе до морето, пингвинот се враќа назад. Тој минува и по илјадници километри само да се сретне со својот пријател. Некогаш го нема и со месеци, но на крајот тој секогаш се враќа.
Извор: faktor.mk